29 Март, 2024
0.0256

ТЕШКА ЗАБЛУДА ИЛИ ОСНОВАНА ЗАГРИЖЕНОСТ - Мета во јули предупреди за силен земјотрес, никој не му веруваше

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Пред неколку месеци, или конкретно на крајот на јули, албанскиот претседател Илир Мета, предупреди дека според негови информации и консултации со сеизмолози од регионот, можно е регионот да го зафати голем земјотрес. 

Тој, како што јавија албанските медиуми, напиша и писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама, до министерката за одбрана, Олта Џачка, како и до вицепремиерот Орион Барче, во кое, како претседател на Советот за безбедност на земјата, ги изнесе своите укажувања дека Балканот може да биде погоден од апокалиптичен земјотрес. 

Доби експресен одговор од министерката Џачка - дека според науката, земјотреси не се предвидуваат. 

А Мета во писмото бараше информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис. Toj побара информации за предупредувањето, како и можни мерки, нагласувајќи дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Со наслов „Дали Албанија ќе биде вклучена во балканскиот апокалиптичен земјотрес? Сеизмолозите зборуваат“, албанскиот медиум Revista Class, на крајот на јули, пишуваше дека стравувањата на Мета се неосновани.

„Балканот е земјотресна зона, но нема простор за паника“. Предупредувањето на претседателот Илир Мета дека Албанија може да биде зафатена од апокалиптичен земјотрес е отфрлена од страна на сеизмолозите“, пишуваше медиумот, повикувајќи се на изјави од албански сеизмолози.

„Невозможно е да се предвидат земјотреси од научна гледна точка“, рекол сеизмологот Хамза Речи, поранешен студент на грчкиот научник Акис Целентис, на кого претседателот Мета се повика во својата изјава. Тој не верува дека грчкиот сеизмолог ја дал таа изјава. 

„Не мислам дека професорот Акис Ценелис ја даде оваа изјава. Бидејќи научно не е можно да се предвидат земјотреси“, изјавил Речи за една телевизија.

Во текстот се додава дека иако Балканот е сеизмичка зона, нема простор за паника за албанските граѓани. 

„Дебатата што деновиве доминираа во грчките медиуми е дали може да се предвидат земјотреси, бидејќи научно тоа не е докажано и научниците се согласуваат дека тие се непредвидливи“, пишува медиумот.

А што всушност напишал Мета во писмото.

„Преку меѓународните и националните медиуми, бев информиран за предупредувањето за апокалиптичен земјотрес, кој се очекува да го погоди Балканот. Предупредувањето потекнува од познатиот сеизмолог, г-дин Акис Целентис, директор на геодинамичкиот институт во Националната опсерваторија во Атина. Сеизмологот Целентис предупреди за апокалиптичен земјотрес за кој се очекува да го погоди Балканот, кој може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради своите сеизмички карактеристики, нашата земја е едно од највисоките сеизмички места во Европа. Затоа Албанија е земја загрозена од овој природен феномен. За горенаведеното, барам да бидете информирани за: Дали надлежните институции контактирале со сеизмологот Целентис и другите институции во регионот во врска со нивните податоци за вакви предупредувања? Кои се нашите капацитети за справување и мерките што ги преземате доколку нашата земја е погодена од земјотрес со ваква големина? Кои мерки се преземени или ќе бидат преземени за навремено реагирање и да се минимизираат потенцијалните последици на локално и локално ниво? Доколку сметате дека е потребно, јас сум подготвен веднаш да го свикам Советот за национална безбедност, дури и само за ова прашање, бидејќи секое потценување на ситуацијата може да има трагични последици по животите на граѓаните на прво место“, напиша Мета.

Албанската министерка за одбрана, пак, Олта Џачка, не чекаше многу време за да му одговори негативно на Мета.

„Предвидувањето земјотрес е надвор од можностите на науката, а за тоа се консултирав и со Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ). Дополнително, грчкиот сеизмолог Акис Целентис ја демантираше лажната вест, што беше причина за вашата загрженост“, стоеше во одговорот на министерката.

Во врска со мерките за справување природни непогоди, Џачка нагласи дека владата и Министерството за одбрана се „поподготвени од било кога во изминатите 30 години, да се справат со вонредни состојби“.

„Нашите капацитети за справување со вонредни сосотојби денес се многу поголеми и се со извонреден професионализам. Институционалната координација е многу поефикасна од кога било. Начинот на кој се справивме со земјотресот во Корча се најзначајните докази за сериозноста на нашата подготвеност“, пишуваше Џачка.

Тогаш експресно возвратија од кабинетот на Мета од каде ја советуваа добро да се информира.

„На папагалите не им се потребни никакви факти или аргументи, тие само се повторуваат секој пат. За оние кои денес ја слушнаа новата ‚портпаролка' во Албанија на господинот Целентис, ве потсетуваме на статиите објавени во меѓународните и национални медиуми“, изјавија од кабинетот на Мета. 

А за воља на вистината, и грчкиот сеизмолог Акис Целентис, како што јавија медиумите,  демантирал дека предупредил оти Балканот ќе го погоди апокалиптичен земјотрес.

Писмото на Мета го иронизираше и самиот премиер Еди Рама, велејќи дека „може да потпише уредба и за земјотрес, па потоа да ја повлече”, асоцирајќи на уредбата потпишана од страна на Мета за локалните избори, што првично ги закажа за 30 јуни, па ја повлече истата и потпиша друга за 13 октомври.

Според последните информации, најмалку 23 луѓе се починати во албанскиот земјотрес.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)