Тешка сообраќајка: Загина жена од Богданци
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2019
Тешка сообраќајна незгода се случи вчера попладне на автопатот Скопје- Велес, кај Катланово.
Во несреќата животот го загубила четириесет и четири годишна жена од Богданци, која управувала со автомобилот, со кој излетала од патот.
Според лекарската екипа која пристигнала на местото на несреќата Ф.Г се здобила со тешки повреди и починала на местото на несреќата.
Телото е предадено на обдукција, а увид на местото ан несреќата направил и Јавен обвинител.
Тешка сообраќајка: Загина жена од Богданци