29 Март, 2024
0.0259

TEШКА ЕСЕН ГИ ЧЕКА ЧЕВЛАРИТЕ: Ќе следи ново кастрење на работни места

Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Тешка есен ги чека вработените во чевларскиот сектор во Македонија, и на повидок се нови откази, поради последиците на пандемијата.

Поради коронавирусот, чевларските фирми имаат многу малку нарачки од странство. Станува збор за Италија, Германија, Швајцарија, земји каде домашните чевлари ги пласираат своите производи. Трговците во овие земји поради целата ситуација засега не ги бараат македонските чевли. Се проценува дека најсилниот удар допрва доаѓа за чевларската индустрија, посилен од оној во март и април кога дел од работниците веќе ги изгубија своите работни места и почнаа да користат парична помош од државата.

„Тешко ќе биде во месец септември, и можно е да има нови откази. Луѓето кои претходно останаа без работа се под биро и примаат надомест, не се вратени на работа. Ние не можеме на домашниот пазар да бидеме конкурентни во однос на кинеските и турските производи, и во тој поглед државата не нѐ заштитила. Трговците во Европа пак не купуваат нова роба“, вели Лидија Милановска од Здружението на чевлари.

Таа смета дека за оваа состојба државата не може многу да помогне, затоа што зависат од глобалните текови и од тоа дали пандемијата ќе стивне наскоро или ќе има и втор бран.

„Дополнително ако има зголемување на минималецот наскоро, тоа нема да можеме да го издржиме. Кој не сака да зголеми плати и да ја зголеми продуктивноста? Прво да заврши состојбата со Ковид -19, па потоа може да се разговара, да се договара за покачување на платите. Ако состојбата се среди со пандемијата, ќе бараме пазари, ќе имаме работа, но ако подолжи вака опоравување може да очекуваме идната година“, рече  Милановска.

Во Куманово чевларскиот сектор опфаќа 1.200 работници, а приближно толкав број има и во другите градови во земјава, додека Здружението на чевлари брои 36 активни фирми.

Проблеми во овој сектор се појавија пролетва, кога Италија, главниот пазар за македонските чевли, беше во карантин, а границите беа затворени.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи