Терорист сакал да изврши напад во манастир на Косово
Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2019
Терорист планирал да го разнесе манастирот Високи Дечани на Косово.
Приведено е лице за кое се сомнева дека сакало да го изведе нападот, објави„Вечерње новости“. Toj се обидел да присили уште две лица да му помогнат.
Весникот наведува дека никој не ги информирал монасите во ова православно светилиште за настанот и дека уапсениот Албанец со иницијали А.И. всушност е обвинет за грабеж и принуда, иако оштетените лица сведочеле дека тој со месеци ги принудувал заедно да го нападнат манастирот.
Официјалните институции на Приштина се обиделе да ја демантираат поврзаноста на овој настан со тероризмот, сепак портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџа, не го оспори итниот интерен извештај на косовската полиција од кој оваа поврзаност е јасна.