Тензии: Ерменија прогласи воена состојба
Објавено во: Свет 27 Септември, 2020
Прогласена воена состојба во регионот Нагорно-Карабах каде денеска ескалираше ситуацијата меѓу Азербејан и Ерменија.
Првично Ерменија го обвини Азербејџан за напад на цивилни населби и го повика населението да се засолни. Азербејџан пак, објави дека емренските сили пукале и дека има цивилни жртви.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан прогласи воена состојба и општа мобилизација соопштувајќи дека тоа е за доброто на татковината, тој нареди дека сите војници на Ерменија мора да се појават во нивните територијални воени комисии.
Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека неговите трупи собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала како одговор на нападот, за кој велат дека започнал против цивилните населби, вклучувајќи ја и регионалната престолнина Степанакерт.