ТЕНДЕР ОД 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА: Се бараат физички обезбедувачи на објектите на државната управа
Објавено во: Економија 22 Јули, 2018
Преку тендер Владата бара физички обезбедувачи на објектите на државната управа, односно обезбедување на СОЗР на Владата, објектот на МРТВ, Клубот на органи на државната управа, Бирото за судски вештачења и Бирото за метрологија .
Според тендерот објавен на сајтот за електронски набавки сумата е во вредност од 2,6 милиони евра, но без ДДВ.
Критериум за добивање на тендерот е најниска ценa, додека периодот на кој се однесува набавката е 3 години.
Договорот предвидува 24/7 внатрешно и надворешно обезбедување, контрола и евиденција на клиенти и вработени при влегување/излегување, контрола на безбедноста на деловниот простор од опасности од пожар.
Oние кои ќе се пријават потребно е да имаат 180 милиони денари вкупни приходи.