19 Април, 2024
0.0637

Телевизиите обвинија за неодговорност, операторите им вратија - ова е обид за цензура

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Не престанува драмата со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски муслуги.

Денеска во јавноста излегоа петте национални телевизии, кои ги обвинија кабелските оператори за ниско ниво на општествена одговорност, на што веднаш одговорија операторите, кои тврдат дека обвинувањата се неточни и тенденциозни, а сите договори за реемитување што тие ги имаат со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава

Ова следува откако операторите се заканија дека нема да емитуваат ниту една домашна и странска програма, во знак на револт од законските одредби, кои предвидуваат и кривична одговорност за емитување на програми без регулирани авторски права.

„Во време кога Владата апелира бесплатно да емитува информативни спотови за заштита од коронавирусот, кога сме во очекување да ги почнеме преговорите со ЕУ и кога треба да известуваме за изборните резултати, тие сакаат населението да го стават во информативен мрак. И сето тоа само затоа што од нив е побарано да престанат да крадат авторски права и да ја регулираат нелојалната конкуренција“, нагласи Атанас Кировски од Телма.

Инаку, националните медиуми се пожалија на нелојална конкуренција, посочувајќи примери во кои тие откупиле авторски права, а кабелските оператори ја пренесувале истата содржина без авторски права, како што е случајот со Европското првенство во ракомет.

Веднаш возвратија кабелските оператори, кои преку соопштение нагласија дека најостро ги осудуваат, како што велат, неоснованите обвинувања искажани од страна на членките на ММА, односно Сител, Телма, Канал 5, Алфа и Алсат-М на денешната пресконференција.

ОПЕРАТОРИ: СИТЕ ОБВИНУВАЊА ЗА УЧЕСТВО ВО „ПИРАТСТВО“ СЕ НЕТОЧНИ И ПАУШАЛНИ

„Со целосна одговорност тврдиме дека сите програми што се дел од пакетите на операторите се согласно домашната и меѓународната регулатива за реемитување на програми. Сите инсинуации за учество на операторите во „пиратство“ ги отфрламе како неточни, паушални и тенденциозни, а за ваквите тврдења нашите членки ќе поведат соодветни судски постапки. Сите договори за реемитување со странските радиодифузери содржат гаранции дека тие телевизии ги имаат регулирано авторските права за територијата на земјава“, се вели во соопштението од Здружението на информатичко-комуникациски технологии. 

Додаваат дека барањето на 5-те телевизии со закон да се наметне ограничување за странските канали за да можат да се реемитуаат во земјава значи директно кршење на Директивата за реемитување и Директивата за „телевизија без граници“ и претставува обид за вовед во цензура. 

Ваквиот јавно искажан став на ММА, според операторите, јасно укажува дека мотивите и крајната цел за ваквото брзо носење на Измените на законот било токму притисокот со ваквиот закон да се намали бројот на ТВ канали кои ќе се реемитуваат во земјава.

„Во однос на авторските права, сакаме да ја информираме јавноста дека истите се веќе регулирани со Законот за авторски и сродни права и со Кривичниот законик. Оттука, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, не само што не ја регулираат оваа проблематика, туку и дополнително ја усложнуваат, бидејќи создаваат правно неиздржани преседани. Операторите работат согласно сите закони и согласно директивите во ЕУ, а веќе посочивме дека ваквите измени се спротивни на директивите. За ова имаме и мислење од Европската комисија која укажува дека вакво законско решениене не постои во ниту една земја членка на ЕУ“, велат операторите.

Оттаму повторуваат дека последните Измени на ЗААВМУ, усвоени по скратена постапка и непосредно пред распуштањето на Собранието, „се донесени на нетранспарентен начин, кој намерно оневозможија јавна дебата за сериозните и штетни последиците од нив и ги игнорираше сите укажувања на Здружението на ИКТ за нивната неприменливост и дека ќе гипринудат да го прекинат реемитувањето на ситеТВ канали, освен јавниот сервис“.

А за денеска е закажан состанок меѓу техничкиот премиер Оливер Спасовски и кабелските оператори, со цел да се најде решение за проблемот. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо