29 Март, 2020
0.0986

Текстилната индустрија пред колапс: Фабриките се затвораат

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2020

Текстилната индустрија е во криза, капиталот ќе се сели во други сектори, а тоа ќе значи и отпуштања на вработените кои се ангажирани. Текстилните стопанственици се жалат дека ќе бидат принудени да затвораат и бараат поддршка од државата. Велат дека во континуитет се соочуваат со проблеми, со недостиг на кадар, а немаат ни профит. 

На прес конференција во Стопанската комора се пожалија дека поради одливот на кадри ќе ги пренасочуваат своите вложувања, а оваа индустрија ќе колабира. 

„Покрај ниската продуктивност поради нискиот технолошки развој на компаниите и немањето минимум знаење од кадарот што се вработува, на состојбата на оваа индустрија влијае и нефункционирањето на правната држава, сивата економија и егзодусот на младите. Главни предизвици на текстилната индустрија во наредниот период се вложувањето во нова технологија и нешто да се направи во однос на егзодусот на младите. А тука реформите во образовниот процес и структурните реформи се во прв план, вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната и кожарската индустрија. 

Тој вели дека неколку фабрики веќе се затвориле и оти засега, состојбата е најтешка во кумановското стопанство. 

Според рофесорот Дарко Лазаров од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ниската продуктивност, е причина за малите плати во текстилната индустрија. 

„Платите во ваква состојба не можат да бидат поголеми, а не можат да бидат поголеми и со некои институционални решенија од типот зголемување на минималната плата. Оваа индустрија на ова ниво на продуктивност е на работ на егзистенција. Затоа се неопходни воздржувања на креаторите на економските политики во делот на најавите за натамошно зголемување на минималната плата. Тоа нема да им наштети на сопствениците кои ќе бидат приморани да ги затворат своите фабрики, туку многу повеќе ќе им наштети на работниците кои во текстилната индустрија се преку 30.000 и тоа квалификувани, на возраст од 50 – 55 годишна возраст. Нивната преквалификација за една до две години е практично невозможна, па ако се случи таков потег на кој било иден креатор на политики во земјава, ќе се соочи со крах на оваа индустрија и прилично големи отпуштања, вели Лазаров. 

Просечната плата во текстилната индустрија минатата година била 17.816 денари и генерално се зголемувала во континуитет, од 2009-та наваму, додека бројот на работници е намален. Во 2009 година текстилната индустрија учествувала со 37,9 отсто во вкупниот број вработени во преработувачката индустрија, а во 2018-та учествува со 28.82 процента. Во однос на вкупната вработеност во земјава, пак, во 2009 година учествувала со 9,32 отсто, а во 2018-та со 6,32 процента.

Вкупниот извоз на текстилната индустрија (облека, обувки и кожа) лани изнесувал 543 милиони евра што е 8,5 отсто учество во вкупниот извоз на државата, но воедно и намалување од 6,5 проценти во однос на извозот во текстилната индустрија во 2018 година кога вредноста била 581 милион евра или 38 милиони помалку.


Можеби ќе ве интересира

Владата подготвува нов пакет економски мерки

Владата подготвува нов пакет економски мерки

Македонски телеком: Нема 5G мрежа во употреба

Македонски телеком: Нема 5G мрежа во употреба

МУКАЕТОВ: ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - лекови и дезинфициенси ќе има, државата што побргу да побара пари

МУКАЕТОВ: ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ - лекови и дезинфициенси ќе има, државата што побргу да побара пари

МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бараме платите, здравственото и пензиско осигурување да бидат на товар на државата

МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Бараме платите, здравственото и пензиско осигурување да бидат на товар на државата

ОГРОМНИ ШТЕТИ: Коронавирусот економски ќе загрози најмалку 25 милиони луѓе

ОГРОМНИ ШТЕТИ: Коронавирусот економски ќе загрози најмалку 25 милиони луѓе

ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски

ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски

ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ: Земјите од регионот и ЕУ договорија олеснување на трговијата на примарни производи

ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ: Земјите од регионот и ЕУ договорија олеснување на трговијата на примарни производи

РАБОТА ВО ФАБРИКИТЕ ЗА ВИКЕНД: Работниците ќе одат со посебни дозволи

РАБОТА ВО ФАБРИКИТЕ ЗА ВИКЕНД: Работниците ќе одат со посебни дозволи

Комерцијална банка го откажа собранието, ама мнозинството акционери веќе ги поддржале одлуките

Комерцијална банка го откажа собранието, ама мнозинството акционери веќе ги поддржале одлуките