28 Март, 2024
0.0254

ТЕ-ТО повторно во Обвинителство за организиран криминал: Какви информации стасале од странство?

Објавено во: Економија, Анализа 04 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Случајот со гасната централа ТЕ-ТО повторно е вратен во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информациите на Фактор ги потврдија и од Обвинителството од каде не потврдија кога треба да се очекува обвинение за овој предмет. Сепак велат дека по пат на меѓународна правна помош надлежниот обвинител обезбедил и дополнителни информации, кои сега се анализираат. По завршувањето на анализите се очекува дабиде донесена јавнообвинителска одлука.

Инаку за овој случај веќе кривични пријави поднесе Управата за финансика полиција која објави во јуни годинава дека се сомневаат за лажен стечај, злоупотреба на службена положба и овластување, но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. 

Потоа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 30 јули годинава објави соопштение во кое ја информираше јавноста дека по проучување на наводите во  кривичната пријава  против 6 физички и едно правно лице поднесена од  Управата за финансиска полиција, донесе одлука со која  кривичната пријава во дел е доставена на натамошно надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, а во другиот дел е издадена  Наредба за претходно прибирање на известувања до Управата за финансиска полиција за прибавување потребни материјални докази  заради прибавување на докази што недостасуваат во кривичната пријава. Покрај тоа, Обвинителството побара  да се достават и конкретни информации и материјални докази за начинот,  периодот на сторување и  износот во кој секој од пријавените го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

„На 10 октомври Вишото јавно обвинителство - Скопје донесе Решение со кое, по предизвиканиот судир на надлежност од страна на Основното јавно обвинителство - Скопје, за стварно надлежно го определи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со ова Решение предметот е повторно вратен на постапување во ова обвинителство, потврдуваат за Фактор од Обвинителството. 

Сега се чека обвинението.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат