ТЕ - ТО ДОБИ ДРЖАВНА ПОМОШ: Владата не даде детали по кој основ доделила средства
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019
Од Владата и покрај нашето инсистирање, од вчера до денеска, до објавување на текстот не соопштија по кој основ му доделуваат државна помош на ТЕ-ТО и за колку пари станува збор.
Владата му доделува државна помош на Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО. Информацијата е усвоена на 160 седница на Владата која е одржана на 22 октомври, а детали за тоа дополнително не беа објавени. ТЕ-ТО е впрочем гасната централа за чие работење и активности се води истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако во јуни годинава Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување, но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра.
Повеќе овде.