ТАТКО МОНСТРУМ: Ја дрогирал и ја силувал малолетната ќерка 140 пати
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2021
Судот во
Винтертур, Швајцарија, осудил 41-годишен Србин на 10 години затвор затоа што ја
силувал својата малолетна ќерка дури 140 пати. Како што пренесува порталот швајцарскиот
портал Блик, понатаму, било утврдено дека Србинот за прв пат го силувал девојчето
уште во 2018 година, кога имало само 13 години, додека биле на одмор во Србија.
.
„Бил пијан и и се заканувал, а сексуалното злоставување продолжило подоцна. Утврдено е дека 140 пати го повторил злосторството“, ги пренесува Блик наводите од судењето на овој Србин, кој беше прогласен за виновен за кривични дела на почетокот на ноември повеќекратно силување, инцест, закани, злоупотреба на наркотици и измама.
Иако таткото монструм во текот на судската постапка ги негираше обвинувањата, судот не му поверувал.
„Изјавите на жртвата се веродостојни и детални. Ќе се воздржам од повторување на описот на злосторствата, но само некој кој ги преживеал тие ужаси може да ги прераскаже толку детално. Покрај тоа, нејзините изјави ги потврдија неколку сведоци", рече судијата. објаснувајќи ја својата одлука да го осуди Србинот на 10 години затвор и протерување од Швајцарија на 15 години, како и парични казни.
Во текот на постапката, судијата ја прашал, сега 16-годишната девојка зошто не се обидела да се спротивстави на нејзиниот татко и да се одбрани, на што таа одговорила:
„Се плашев од него. Го сакав татко ми повеќе од се, а тој целосно ме уништи и уништи. Психички и физички сум исцрпена.
Жртвата боледува од посттрауматско стресно растројство и има напади на паника. Утврдено е и дека таткото ја дрогирал малолетната ќерка со кокаин, пишуваат швајцарските медиуми.