31 Мај, 2020
0.0200

Тарзан фризура

Објавено во: Колумни 29 Март, 2020

Се почесто,главно меѓу денешниве млади, преовладува трендот да се следи светската мода.И тука нема ништо спорно.Отсекогаш било и така ќе биде.Секое второ момче има кратко потстрижена коса-ако не нуларица,тогаш единица.По улица шетаат јунаци од разни филмски спектакли,полни со акција,улични бркотници со автомобили и сурови прасметки,што со голи раце,што со оружје.А ние одамна збајатени посматрачи го гледаме тоа со голема доза на критичност и недоверба.Не баре во наше време беше поинаку.

По појавата на филмовите со Тарзан и Џони Вајсмилер Скопје заличе на џунгла,не со лијани и прашуми,туку само од Тарзани.Од разбирливи причини господарот на џунглата имаше фризура со подолга коса и рамно “на црта“исечена коса на тилот.Такви фризури носеа и тогашните следбеници на модата во комбинација со широки ремени,маици што ги покажуваа трицепсите или бицепсите(како ли беше?) и испрчени гради(испушти го воздухот ќе ти збајати).

Елвис Присли донесе сосема друг бран.На игранките по скопските домови на културата,на шизик корзо и по гимназиските дворови се шепуреа Елвиси колку сакаш.Сите со неговата карактеристична долга залижана коса и долгите значајни зулуфи,попознати како бакембарди.Кој имаше од што да направи зулуф арно,ако не правеше ваков моден детал од подолг прамен коса што со часови пред излагање го курдисуваше пред огледало.Облеките беа лефтерни,со панталони ѕвонарки и со расцветани кошули пуштени под половина,набаре си на Хонолулу.Некои се трудеа да пејат како американскиот идол со некаков англиски со скопски акцент  со издрндана гитара на која и фали најмалку една жица.Новороданите сограѓанчиња  од Шутка и Топаана ги крштеваа никако поинаку-мрсулави Елвиси, колку сакаш.

Светското цунами наречено „битлсоманија“ не го заобиколи ни Скопје.Ливерпулските бубачки направија револуција во популарната музика,но и во облекувањето,а нивните фризури се наметнаа преку ноќ.Скопските,таканаречени „шизици“веднаш ги прифатија сите модни детали.Но,имаа свои противници во конзервативните врсници што не сакаа да ги прифатат новитетите и тука имаше големи превирања од типот на јавно шишање и сечење со ножици на тесните панталони,со по некоја педагошка заушница.Џинсот си го зазеде своето заслужено место принудувајќи ги дечкиве да се снаоѓаат како знаат и умејат-Трст беше спасот.Шверцот на фармерки „рифле“ и „рој роџерс“ цутеше,а на второ место беа „ролките“во пастелни бои(позајми ми ја ролката вечер сум на жур....).

Од сегашнава временска динстанца тогашните Тарзани,Елвиси и Ринговци има што да им раскажуваат на поколенијата,ама не можат да покажуваат-од бујните коси не останало ништо,природно се ишишани на нула и обелени во косата и мустаќите.... 


Можеби ќе ве интересира

Хоби или бегање од секојдневјето?

Хоби или бегање од секојдневјето?

Производна ориентација на македонскиот агрокомплекс

Производна ориентација на македонскиот агрокомплекс

Наркоманска лицемерна нација!

Наркоманска лицемерна нација!

Трамп го затвора отвореното небо!

Трамп го затвора отвореното небо!

Тоне ли извозот и извозните компании: Битиќи vs Лазаров

Тоне ли извозот и извозните компании: Битиќи vs Лазаров

Денот на младоста

Денот на младоста

Уште долго време, крајот нема да ни се наоѓа!

Уште долго време, крајот нема да ни се наоѓа!

Украина фатална за Трамп и Бајден

Украина фатална за Трамп и Бајден