20 Април, 2024
0.0276

Таравари најавува дека Алијанса во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Алијансата за Албанците во вториот изборен круг се очекува да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево, Александар Јовановски, изјави генералниот секретар на оваа партија, Арбен Таравари.

„Но секако, мора да седнеме со нашиот коалициски партнер (Алтернатива, н.з.) и верувам дека за два - три дена ќе ги имаме партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички противник е ДУИ, и секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок", рече Таравари, а пренесува Тетова сот.

Како што веќе објави Фактор, за Кичево ќе претстои тешка војна, бидејќи постои голема изедначеност на резултат меѓу двајцата противкандидати. Како што е познато, таму ќе се натпреваруваат Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од ДУИ, меѓу кои има разлика од само еден процентен поен, односно 38,4 за Јовановски, наспроти 37,3 отсто за Дехари.

Сепак, таму значаен процент гласови освои Фатмир Лимани, внукот на Али Ахмети, кој настапи како независен кандидат, освојувајќи 19,76 отсто од гласовите на кичевчани.

Таравари најави дека ќе биде поддржан и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.

Веќе објавивме дека за општина Брвеница во голема предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, со 29,67 отсто од гласовите, а зад него со разлика од повеќе од десет процентни поени е Енвер Пајазити, кој е предложен од група избирачи, и кој освоил 19,07 проценти од гласовите.

Таравари вели и дека испил кафе со шефот на изборниот штаб на Беса Аријанит Хоџа и дека и нему му бил пренесен ставот дека Алијанса за Албанците има еден главен политички противник - ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ