25 Април, 2024
0.0298

Танасоски: Регистрација на возила со странски таблички само доколку се исполнети условите

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ѓоко Танасоски, директорот на Царинска управа, за иницијатива за предлог-законското решение за можност за регистрирање на возилата што во моментов се возат на нашата територија со странски таблички, вели дека тие ќе треба да се редовно регистрирани и да поседуваат зелен картон за осигурување.

– Царинската управа е државен орган што ги спроведува законите што ги носи Собранието на Република Северна Македонија. На владина седница донесен е Предлог-закон за регистрација на возила со странски регистарски таблици со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки и доколку биде усвоен, Царинската управа ќе го спроведува.

Тоа би значело дека возилата со странски регистарски таблички што редовно се регистрирани, кои поседуваат зелен картон за осигурување, се влезени пред 1 октомври 2020 година во нашата држава и ги исполнуваат уловите за регистрација, ќе можат да ги оцаринат и регистрираат возилата согласно одредбите од Предлог-законот што треба да се усвои во Собранието, вели Танасоски во денешното интервју за МИА.

Со измени на Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблици, Владата овозможува поевтина регистрација на овие возила за дури 50 отсто. Измени беа усвоени на владина седница а власта се надева дека на тој начин ќе се обезбеди во буџетот приход од 25 милиони евра. Со пониски давачки ќе можат да се регистрираат возилата кои се увезени до 1 октомври годинава. Нема точна проценка колку автомобили се возат со страснки регистрации. 

Владата соопшти дека одредбите од овој Предлог-закон се однесуваат на возила увезени до 1 октомври оваа година и со најмалку Еуро 4 стандард и ќе се применуваат за времетраење од една година. Предлог-законот ги опфаќа моторните возила за превоз на патници (категорија М), возилата за превоз на товар (категорија N), возилата на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О)“. 


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди