Таи ја поздрави новата функција на Палмер
Објавено во: Балкан 31 Август, 2019
Kосовскиот претседател Хашим Тачи денеска му честиташе за назначувањето на Метју Палмер за специјален претставник на САД за Западен Балкан и ја поздрави зголемената улога на Америка.
„Ја поздравувам засилената улога на САД во интегрирањето на Косово и целиот наш регион во евроатлантски клуб на нации“, напиша Тачи на својот профил на Твитер.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера го назначи функционерот на Стејт департмент Метју Палмер за свој специјален претставник за Западен Балкан.
Палмер ќе продолжи да работи како заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.