ТАЧИ ЗА РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ СО СРБИЈА: Сонувам Прешево, Бујановац и Медвеѓе да се припојат кон Косово
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2020
Претседателот на Косово, Хашим Тачи ги
демантираше обвинувањата од страна на премиерот Албин Курти, но и на
меѓународните аналитичари, дека постои нацрт договор со официјален Белград за
размена на територии, Истовремено е убеден дека САД ќе го поттикнат
постигнувањето на конечниот договор со Белград, нагласувајќи дека сонува
Прешево, Бујановац и Медвеѓе да се припојат кон Косово.
-Сонувам за тоа Прешево, Медвеѓе и Бујановац бескомпромисно да се вклучат во територијалниот инегритет на Република косово, истакна косовскот претседател во емисијата Рубикон на ТВ Клан.
Од друга страна тврди дека не постојат разговори, ниту пак договор за размена на територии.
-Кој и да зборува за размена, тоа е за внатрешна употреба, бидејќи за тоа никогаш не се разговарало, а не пак во Вашингтон, тврди Тачи.
Тој додава дка под никакви околности не е разгледувано такво нешто, односно можност за каков било договор.