28 Март, 2024
0.0298

Табаку: Бизнис од 1,3 милијарди евра се пресели од Албанија во Северна Македонија

Објавено во: Економија 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Албанската опозиционерка Јорида Табаку на вчерашната прес-конференција рече дека деловната клима во земјата е „задушувачка“, притоа потенцирајќи дека албанските бизниси избираат да инвестираат во странство. Со забелешка на Фејсбук, Табаку пишува дека албанските бизниси инвестирале 1,3 милијарди евра надвор од Албанија, повеќето од нив префрлени во Северна Македонија.:

- Албанските бизниси имаат инвестирано 1,3 милијарди евра надвор од Албанија, а повеќето отидоа во соседна Северна Македонија. Не само што не привлекуваме странски инвестиции, туку исто така не ги убедуваме локалните бизниси да инвестираат во Албанија. 

Бидејќи премиерот во заминување (Еди Рама) создаде најзапрепастувачка клима за албанско вработување, инвестиции и претприемништво. Наместо да и помогне на економијата, Владата на Рама злоупотреби и украде дури 13 проценти од БДП, приближно колку и изгубените инвестиции во Албанија.

Овие милијарди евра и илјадници работни места изгубени за Албанците, нашиот сосед ги зеде од нас како резултат на про-бизнис фискална и економска политика. Само за 2019 година вредноста што ја изгубивме беше дури 10 проценти од БДП“, напиша поранешната пратеничка на Фејсбук, пренесува албанскиот Топ-Чанел.

Табаку ги повика албанските бизнисмени да не трошат милијарди во странство, туку да се борат заедно за нови инвестиции и да обезбедат работни места со пристојни плати во Албанија.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат