СЗО алармира: 80 милиони луѓе можат да умрат за 36 часа
Објавено во: Свет 21 Септември, 2019
Според извештајот на Одборот за набудување на епидемии предводен од поранешниот началник на СЗО, Гро Харлем Брунтленд, потребни се само 36 часа за да се шири еден вирус ширум светот, при што може да загинат околу 80 милиони луѓе.
„Светот под ризик“, е името на документот, односно извештајот, кој излезе за експлозијата во руска лабораторија и има за цел да ги натера светските лидери да преземат акција.
Потсетуваат дека пред еден век, шпанскиот грип заболел една третина од светската популација и уби скоро 50 милиони.