СЗО: Бројот на новозаразени e зголемен за девет проценти во 53 европски земји
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Март, 2021
Расте бројот на заболени од Ковид -19 во Европа. Бројот на новозаразени со коронавирус e зголемен за девет проценти во 53 европски земји, соопштија денеска од Светската здравствена организација (СЗО).
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека минатата недела имало повеќе од милион случаи. Вели дека скок се забележува во Централна и Источна Европа, но и некои западноевропски земји имале зголемување на бројот на инфицирани. Британија, Франција, Шпанија, Италија, Турција, Германија се вбројуваат меѓу земјите со најмногу заразени во светот. Во дел од европските земји веќе има ограничувања.
На европско тло го има и јужноафриканскиот сој кој е поотпорен.
foto freepik