29 Март, 2024
0.3299

Светски ден на водата - останете дома, пијте повеќе вода и редовно мијте ги рацете

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден на водата, ЈП Водовод и канализација – Скопје, апелира секој од нас да преземе акција, да ја чуваме водата и одговорно да се однесуваме кон неа и природните водни ресурси, оттаму доаѓа изворот на нашето здравје, изворот на животот.

„Останете дома, пијте повеќе вода за прочистување на организмот, редовно мијте ги рацете, одржувајте ја хигиената, спречете го ширењето на корона вирусот. Од нас зависи“, велат од ова јавно претпрјатие.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на водата потекнува од 1992, кога се одржала и Конференцијата за животна средина и развој во ОН. Токму тогаш од страна на Собранието на ОН, 22 март се одредува како Светски ден на водата, чие одбележување започнува од 1993. Светскиот ден на водата ја слави водата и има за цел подигање на јавната свест на 2,2 милијарди луѓе кои немаат пристап до чиста вода за пиење. Главниот фокус на Светскиот ден на водата е поддршка на достигнувањата на целта за одржлив развој 6 (Sustainable Development Goal 6).

Оваа година Светскиот ден на водата се однесува на водата, климатските промени и нивната поврзаност. Со прилагодување на ефектите на водата предизвикани од климатксите промени, придонесуваме до заштита на здравјето и можеме да спасиме живот, а со правилна употреба на водата придонесуваме до намалување на ефектите на стаклена градина. Немаме време за чекање; Водата може да помогне во борбата против климатските промени; Сите треба да преземеме акција. 

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија