25 Април, 2024
0.0301

Светска банка: Решеното име отвара простор за поголем раст

Објавено во: Економија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber


Решениот спор со името ќе отвори и можности за поголем раст, вели Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан. Светска банка ја одобри денес новата четиригодишна рамка за партнерство со Македонија. Таа треба да отвори повеќе можности за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Решавањето на спорот со името отвара нови можности за раст во Северна Македонија. Многу сме задоволни што сме во партнерство со земјата во овој историски момент и ќе продолжиме да помагаме за да ги искористи можностите за изградба на енергична и инклузивна економија која е целосно поврзана со регионот и светот“, рече Линда Ван Гелдер.

Оваа програма е вкупно 420 милиони евра. Во соопштението стои дека новата стратегија има три фокусни области. Првата област е за конкурентен приватен сектор преку зголемување на поврзаноста и подобрување на пристапот до пазарите, помагајќи им на бизнисите да станат поиновативни, продуктивни и конкурентни и создавање на повеќе и подобри работни места за луѓето.

„Втората област ќе ги поддржи инвестициите во човечки капитал со фокус на подобрување на обуката за образованието и вештини, обезбедување на подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување за поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област ќе ја поткрепи фискалната одржливост и одржливоста на животната средина преку зајакнување на управувањето со јавни финансии и забрзување на транзицијата на земјата кон поодржлива комбинација на енергетски извори. Предизвиците од климатските промени ќе се решаваат преку инвестиции во енергетската ефикасност, обновлива енергија и транспорт и земјоделие кои се отпорни на климатски промени, стои во соопштението.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, ќе бара дополнителни можности за мобилизирање на странските директни инвестиции со цел да се генерира раст и извоз, како и да се подобри учеството на малите и средни прептријатија во синџирот на снабдување. ИФЦ исто така ќе го поддржи олеснувањето на трговијата и логистиката за подобрување на поврзаноста со извозните пазари и ќе го вклучи приватниот сектор во поддршка на енергетската транзиција.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст