19 Октомври, 2019
0.0222

Светска банка предупредува - внимателно со повисоките плати

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Предупредување стигна од Светска банка до властите во земјава, да внимава со зголемувањата на платите во јавниот сектор, но и на минималната плата, бидејќи кога тоа е поврзано со намалена продуктивност, може да ја загрози конкурентноста на економијата. Ова укажување од Светска банка го испорачаа во својот најнов извештај за земјава.

„До јуни, реалните нето плати се зголемија за над 2 проценти на годишно ниво, делумно како резултат на зголемувањето на минималната плата, како во јули 2018, така и во април годинава, како и поради зголемувањето на платите на јавните службеници на почетокот од 2019 година. Највисоките зголемувања на платите беа во здравството, образованието и социјалната заштита, во транспортот, градежништвото и во земјоделството. Континуираниот тренд на зголемување на платите особено во трудово интензивните дејности, заедно со намалувањето на продуктивноста на трудот во повеќето сектори ја загрозува конкурентноста на економијата, бидејќи единечната цена на трудот се зголемува“, пишува во извештајот на Светска банка.

Според светските банкари, зголемувањето на минималната плата мора да биде придружено со зголемување на продуктивноста, инаку на среден рок економијата ќе се соочи со намалена продуктивност. Затоа е неопходно внимателно да се анализира и мудро да се донесе одлука за висината на минималната плата.

„Клучната порака е не да не се зголемува минималната плата, туку тоа да се прави на мудар начин“, изјави на денешното презентирање на извештајот Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Издашноста на Владата за зголемени плати, пензии и социјални расходи, доведе до повисок долг и дефицит.

„Годинава се зголемија јавниот долг и фискалниот дефицит како резултат на порастот на тековните расходи поради зголемувањето на платите, пензиите и на субвенциите и покрај умерениот раст на приходите. Расходите се зголемија за 8,4 проценти на годишно ниво, како резултат на зголемувањето на пензиите, платите, субвенциите и на здравствените расходи. Капиталните расходи, иако се зголемуваа, и понатаму во голем дел остануваат нереализирани. Ревидираниот дефицит за 2019 година се проектира на 2,5 проценти од БДП, што претставува зголемување во однос на 1,1 проценти во 2018 година. Кога ќе се додаде дефицитот на Јавното претпријатие за државни патишта, вкупниот дефицит се проценува на 2,7 проценти“, укажуваат од светска банка. 

Додаваат дека ребалансот на буџетот доведе до натамошно зголемување на субвенциите за плаќање на придонесите за социјално осигурување, за да се поттикне пријавувањето на платите што се исплаќаат во готово. Потоа, влијание има зголемување на субвенциите за земјоделството, како и 15 процентен поврат на ДДВ на граѓаните со поднесување на фискалните сметки, за да се подигне даночната дисциплина. 

„Јавниот и јавно гарантираниот дол се очекува да се зголеми од 48,5 проценти во 2018 година, на 51 процент како резултат на интензивирањето на задолжувањето на Владата за да ги изврши претстојните обврски,  додека гарантираниот долг се зголемува со забрзувањето на јавните инвестиции во патиштата“, пишува во извештајот.

Натаму од Светска банка додаваат дека се очекува да продолжи фискалната консолидација иако побавно како резултат на новите програми за трошење. Владата воведе две нови програми за борба со неформалната економија, која се проценува на 30-40 проценти од БДП, а годишниот трошок за тоа се проценува на 0,8 проценти од БДП. Иако овие програми се предвидени во рамките на планираниот дефицит за 2019 година како резултат на пониските капитални расходи, на среден рок тие треба да бидат амортизирани преку други расходи или мерки на страната на приходите за да се избегне зголемувањето на фискалната ранливост. 

Иако овие напори се наменети за справување со неформалниот сектор кој е главен кочничар на економијата, тие веројатно нема да бидат успешни освен ако не се проследени со зајакнување на даночната администрација, поголема ефикасност на инспекциите и подобрување на давањето на јавните услуги и на законите што влијаат врз деловното опкружување. 

„Иако 2019 е предизборна година, можното отворање на претпристапните преговори за ЕУ бара Северна Македонија да остане на курсот на структурните реформи за да ја поттикне конкурентноста, да го подобри управувањето и да ја подобри успешноста на јавниот сектор. Зајакнувањето на политиките за конкурентност и рационализирањето на државната помош би ги унапредило растот и фискалната одржливост“, велат светските банкари.   

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Нина Ангеловска: Ребалансот на буџетот не беше поради недостиг на приходи

Нина Ангеловска: Ребалансот на буџетот не беше поради недостиг на приходи

КХВ потврди: Берзата не ги објави податоците навреме

КХВ потврди: Берзата не ги објави податоците навреме

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

Ќе има нов тендер за Скопје - Блаце: Прескапа понуда за 2 километри автопат

НОВА ТРГОВСКА ОФАНЗИВА НА ТРАМП: Воведени царини на производи, ЕУ ќе возврати

НОВА ТРГОВСКА ОФАНЗИВА НА ТРАМП: Воведени царини на производи, ЕУ ќе возврати

Анѓушев: Прашањето за „бројчаникот“ не треба да биде на моја адреса

Анѓушев: Прашањето за „бројчаникот“ не треба да биде на моја адреса

„Фактор“ изнесува факти, Штериев промовира инсинуации

„Фактор“ изнесува факти, Штериев промовира инсинуации

ЗНМ реагира до Берзата: Недозволиво е да се етикетира медиум

ЗНМ реагира до Берзата: Недозволиво е да се етикетира медиум

AМПЕВА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ: Тоа ќе биде чист популизам ако дел од платата се враќа кај работодавецот

AМПЕВА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ: Тоа ќе биде чист популизам ако дел од платата се враќа кај работодавецот

ИСТРАЖУВАЊЕ: Познато кои балкански метрополи се поскапи за живот од Скопје

ИСТРАЖУВАЊЕ: Познато кои балкански метрополи се поскапи за живот од Скопје