СВЕТСКА БАНКА НУДИ ПОМОШ: Eве кои земји колку пари ќе добијат
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Април, 2020
Светската банка ќе помогне на земјите од Европа и Централна Азија за решавање на проблемите во здравствениот и економски систем поради КОВИД-19.
Земјите во Европа и Централна Азија ќе имаат корист од средства, кои ќе помогнат во ублажување и надминување на влијанијата на пандемијата КОВИД-19 (коронавирус), како дел од првичниот глобален пакет за одговор при итни случаи, одобрен денес од Одборот на директори на Банка. Дваесет и пет земји во светот ќе добијат вкупно скоро 2 милијарди американски долари од оваа првична помош на Светската банка, вклучително и две земји во Европа и Централна Азија. Таџикистан и Киргистанската Република ќе добијат 11,3 милиони и 12,15 милиони долари, соодветно.