25 Април, 2024
0.0273

Светска банка не пофали за управувањето со јавниот долг

Објавено во: Економија 22 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, велат од Светска банка (СБ). Во објавата за напредокот во рамки на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците, од Светска банка посочуваат дека последнава година во Македонија во рекордно време е постигнат напредок и приближување на управувањето со јавниот долг во однос на добрите меѓународни практики, со значително подобри резултати во однос на другите земји.

- Обемот на реформи кои согласно Програмата се имплементираат, можеби е преамбициозен за другите земји, но не и за тимот од секторот за Јавен долг во Министерството за финансии на Македонија. Обично државите реализираат една по една компонента од Програмата, поради ограничени човечки ресури, бидејќи треба да ги спроведат реформите покрај секојдневните работи. Но, во Македонија е различно. Таму има разбирање во тимот, кој патем се состои само од 10 луѓе, дека се потребни реформи и напорно работат на сите компоненти, вели Родриго Кабрал, тим лидер од Светска банка.

Тимот за Јавен долг во Министерството за финансии работи на подобрување на стратегијата за јавен долг, на нов закон за јавен долг, на развој на домашниот пазар на државни хартии од вредност и на ИТ системот за управување со долгот.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на расправата за завршна сметка за 2017 година во Собранието, иако наследил брзорастечки јавен долг, изминатата година Министерството за финансии успешно управувало со долгот. Како резултат на тоа во 2017 година, за првпат после девет години јавниот долг како процент од БДП е намален.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди