Светозар Јаневски и Дарко Гелев-Брејк му продадоа зграда на „Американ Колеџ“

Објавено во: Економија 04 Септември, 2024
Еден од најголемите приватни универзитети „Американ Колеџ“ ја купи соседната зграда до своето седиште на „Трета Македонска Бригада“, булеварот што се наоѓа помеѓу Кисела Вода и Аеродром во Скопје.
Приватниот универзитет е нов сопственик откако изминатите денови ја купи фирмата МЗТ Инвестмент Гроуп, чии сопственици досега по половина беа М-6 Инвестиции на Светозар Јаневски, како и Дарко Гелев-Брејк.
Гелев ја потврди купопродажбата за „Фактор“, но вели дека добиената сума останува деловна тајна. Тој вели дека решиле да го искористат моментот на добрата понуда.
- Ова зграда е една од оние што порано ги поседуваше „Металски Завод Тито“ - Скопје. Ние ја купивме пред 20 години, а основна дејност на МЗТ Инвестмент Гроуп беше издавање на деловниот простор. Во моментот кога видовме дека понудата од „Американ Колеџ“ е поволна, ние решивме да ја продадеме, вели Гелев.
„Зделката“ ја потврди и Јаневски, еден од најпознатите менаџери во земјата и доминантен сопственик на ВВ „Тиквеш“, но ни рече дека е во странство и дека нема време да изнесува детали.
„Американ Колеџ“ е во сопственост на друштвото за менаџмент АКС „Менаџмент од Скопје“ и е еден од трите најголеми приватни универзитети во земјата, заедно со ФОН Универзитет и Европски универзитет.
МЗТ Инвестмент Гроуп од друга страна е фирма основана во 2004, со релативно мали годишни приходи, но со вкупна актива од околу 500.000 евра.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

МОСКВА ТАЈМС: Русите од 2023 продале 70 отсто од резервите на злато

СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Kaде има најголемо поскапување?

ОДЛУКА ЌЕ ИМА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи

ЗАВРШИ СРЕДБАТА МЕЃУ ТРГОВЦИТЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА: Детали никој не споделува од средбата, најавуваат за подоцна

Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка

ПОЗНАТА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Најмногу се заработува во овие сојузни држави и професии

Може ли државата со 10 милиони евра за станови да им се спротистави на ненаситните инвеститори?

ТРАМП ВОВЕДУВА ЦАРИНИ, ЕВРОПА ВОЗВРАЌА, А КОЈ ПОБЕДУВА? Како трговската војна влијае на европските работници и компании?
