14 Ноември, 2024
0.0273

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Објавено во: Мои пари 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во месецот посветен на женското здравје, финансиското друштво „Флекс кредит“ организираше едукативно предавање за сите вработени жени. Како компанија чијшто прв приоритет се вработените и нивното здравје, „Флекс кредит“ се приклучи на акцијата за јакнење на свесноста за заштита на здравјето меѓу женската популација и потребата од превентивни прегледи, како ефикасен начин за намалување на најчестите заболувања. Предавањето го одржаа доктори специјалисти од приватната болница „Жан Митрев“.

Вработените имаа можност да слушнат за скрининзите, дијагностиката и терапијата на најчестите гинеколошки проблеми во репродуктивниот период и во постменопаузата, за што на нивните прашања одговараше д-р Ирена Андонова, специјалист гинеколог. На предавањето присуствуваше и д-р Џулијана Михајловска, специјалист ендокринолог, а за заболувањата на дојката и третманот на болестите на дојката говореа д-р Мимоза Толевска, специјалист по радиодијагностика и д-р Лилјана Брајевиќ, торакален хирург.

Според последните трендови во земјава, зголемен е бројот на жени заболени од рак на дојка и на репродуктивните органи. Медицинските специјалисти велат дека со превентивните прегледи се намалува бројот на жени што ракот го откриваат во доцна фаза. Со раното дијагностицирање, впрочем, можностите за излекување се доста големи. 

Предавањето е во насока на зголемување на будноста на жените, со што и „Флекс кредит“ дава придонес кон колективен раст на свесноста за женското здравје. Компанијата и во иднина ќе остане посветена на општествената одговорност и на своите вработени.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Maжи на годината 2024 - и оваа година ги бираме најуспешните мажи во Македонија Настанот кој се одржува 7ма година по ред оваа година ќе блесне во Националната Опера и Балет

Maжи на годината 2024 - и оваа година ги бираме најуспешните мажи во Македонија Настанот кој се одржува 7ма година по ред оваа година ќе блесне во Националната Опера и Балет

MINT Fintech Group внесе свежина на eCommerce конференцијата

MINT Fintech Group внесе свежина на eCommerce конференцијата

ЗОШТО ДА ОСТАНЕМЕ ВО КОНТАКТ СО БИВШИТЕ?

ЗОШТО ДА ОСТАНЕМЕ ВО КОНТАКТ СО БИВШИТЕ?

Довербата е клуч за успешна соработка - Дејан Доксимовски, Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Довербата е клуч за успешна соработка - Дејан Доксимовски, Директор на Дирекција Банкарство за население во УНИБанка

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Што е кредитна историја и како да ја задржите на добро ниво?

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

Есенски извештај – овие трендови не смеете да ги заобиколите при изборот на накит!

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“

„ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“ Е ДОМАЌИН НА ЧЕТИРИНАЕСЕТТИОТ ПЕНЗИСКИ ПАРК ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“