Добивај вести на Viber
„Јапонскиот производител на автомобили Сузуки во последните четири години работи со загуба на европскиот пазар“, изјави регионалниот директор на компанијата, Таканори Сузуки. Според него, компанијата последен пат во 2008 година забележала добивка и од тогаш е во минус.
Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА), продажбата на Сузуки падна лани во ЕУ за 13,4 %, на 154,446 возила, вклучувајќи ги и Швајцарија, Исланд и Норвешка.