Сугаревски оди во Битола: Кога конечно ќе заврши рехабилитацијата на обиколницата
Објавено во: Економија 21 Септември, 2018
Рехабилитацијата на обиколницата над Битола која често пати беше затворена за сообрааќај поради свлечишта кои се појавија во повеќе наврати после големите поплави во Пелагонија во 2015 година наскоро ќе биде целосно завршена.
Денес министерот Сугаревски таму ќе види до каде се градежните работи а друштво во увидот ќе му прават и Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
Месец и пол е временскиот рок кој се дава за завршување на обиколницата а веќе во тек е и тендер за проектирање нова обиколница, експресен пат од Битола до Меџитлија, но исто така ќе се рехабилитира и стариот пат од Битола до Меџитлија. Покрај ова, ќе има тендер и за проектирање автопат Битола – Прилеп кој ќе се поврзе со експресниот пат кој се гради од Дреново до Фаришка клисура.