29 Март, 2024
0.0272

СУДСКИТЕ ХОДНИЦИ РИЗИЧНИ: Адвокати реагираат дека поради долго чекање рочишта се изложени на зараза со ковид

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

МИА ФОТО


Голем број адвокати револтирано се обратија во редакцијата на Фактор посочувајќи дека со саати стојат во судските ходници чекајќи рочишта. Велат дека во затворен и пред се тесен простор стојат по десетици луѓе и дека колку и да внимаваат, стравуваат дека може да се заразат ско корона вирусот.

-Крајно неодговорно е однесувањето на судиите. Стоиме со саати во тесни ходници по десетици луѓе, што адвокати, што клиенти. Сите сме со маски, тоа е неспорно. Но, не можам да разберам како може судија може да заборави дека има рочиште. Поминуваат часови додека некој се сети дека дента во толку и толку часот има судење. Често пати се случува некој од записничарите да излезе и да рече, „па одете, прошетајте малку“, а како да излезам кога не се знае кога ќе те викнат во судница. Здравствените власти постојано апелираат, дистанца, маски, миење раце. Е тоа, да бидам искрена,е невозможна мисија во тесните ходници на судовите. Освен што можеме да носиме маски, одржување растојание едноставно е невозможно. А, во затворен простор, дури и кога се носи маска, ризикот од трансмисија на ковид е огромен, револтирано говори за Фактор, адвокатка која инсистира да остане анонимна.  

По ваквите тврдења, Фактор се обрати и до Основниот кривичен суд Скопје, од каде посочуваат дека тоа е првиот суд во земјата кој го објави и кој функционира согласно Протоколот за спроведување мерки на заштита од вирусот Ковид – 19 изработен од Здружението на судии и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а во согласност со препораките на Светстката здравствена
организација и Здравствените власти во земјата.

-Од првиот ден на прогласување на пандемијата во судот редовно се врши дезинфекција на просториите, на сите вработените, обвинители, адвокати и други странки во постапката при влез им се мери телесната температура со безконтактен уред, сите се должни да носат заштитна маска, судењата со поголем број странки се водат во една од поголемите судници заради одржување на дистанца меѓу пристуните, холовите и судниците редовно се проветруваат и сите вработени кои имале симптоми или биле во контакт со заразен од вирусот наврмено се ослободени од работните обврски заради изолација. Благодарение на навремените мерки, и покрај вонредните услови за работа, судот долседно ги почитува сите Уставно загрантирани права на странките во постапките и безпрекорно функционира не само за навремено судење и почитување на Правото за судење во разумен рок, туку и за сите останати побарувања на граѓаните, кои се во надлежност на судот, како издавање увернија, потврди и решенија, соопштуваат за Фактор од Кривичниот суд.

Истовремено, како што велат, за секое судење кое се одлага заради изолација (како што вчера беше рочиштето за  „Монструм“, поради позитивен на корона вирусот судија поротник), навреме објавуваат на веб страницата на судот.

-За ефикасноста на мерките и спроведувањето на Протоколот, показател се извештаите на претставниците на медиумите и невладините организации кои како јавност се присутни на секои судење од јавен интерес. На сето тоа, загрижува обидот на одредени странки кои, по укинување на вонредната состојба и Уредбата со законска сила за стопирање на сите рокови за застарување, преку непочитување и своевидна злоупотреба на мерките за заштита се обидуваат да ги одолговлечат постапките, за што како суд ја имаме известено Адвокатската комора на РСМ и јавноста преку бројни соопштенија, истакнуваат од Основниот кривичен суд-Скопје.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“