23 Април, 2024
0.0275

Судијата-поротничка во „ТНТ“ си поднесе оставка, судењето почнува од почеток

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Судијата-поротничка Лилјана Ивановска-Кочковска, која изминатиот период беше цел на закани и јавно препукување помеѓу Кривичен суд и одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“, денеска по втор пат си поднесе оставка, овој пат на самото рочиште по што предметот за насилното рушење на „Космос“ започнува од почеток. Следното судење е закажано за утре.

Ивановска-Кочковска, која веќе има навршено 60-години, се обратила пред судот и поднесе неотповиклива оставка, а како причина за тоа наведе дека има здравствени проблеми, потврди на денешното рочиште судијата Огнен Ставрев по што истото беше прекинато.

Изминатите денови адвокатите на обвинетите - поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бараа одново судење поради тоа што поротничката го исполнила условот за пензионирање. Кривичниот суд ова го протолкува како закана кон Ивановска-Кочковска, а адвокатите ги пријави во Адвокатска комора и за нив оцени дека го кочат судскиот процес.

„Одбрана и обвинети, тврдевте дека ова не го правите поради одоговлекување на постапката, ниту нејзино запирање, ако е така, потврдете се себеси, ќе ја почнеме постапката одново, меѓутоа да не почне макотрпно како досега, туку со читање на сè што беше изведено”, рече Ставрев.

Кривичлен суд веќе еднаш претходно ја убеди Ивановска Кочкова да не го прекинува мандатот. Во преписката со одбраната беше наведено дека одлуката за нејзиниот престанок на функцијата треба да ја донесе Судскиот совет. Од таму велат сметаа дека „ТНТ“ треба да заврши во разумен рок и дека тоа може да биде одложено бидејќи таа е активен учесник во процесот.

Адвокатот Јовица Страшевски претходно го извести судот дека нема да дојде на рочиштето, односно дека земал годишен одмор.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето