28 Март, 2024
0.0246

Наместо за развој, земјоделските субвениции се користат како социјално-политичка алатка

Објавено во: Агробизнис 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Потенцијалите на агро секторот во Македонија не се искоритени во целост, голем број ниви стојат непосеани, но и субвенциите не го дадоа очекуваниот развој на земјоделието и покрај тоа што се делат 12 години, истакна на денешната прес конференција Васко Ристовски од Стопанската Комора на Македонија.

„Развојната нота, за жал, не постои, а од 2007-ма до сега се пројдени 12 години. Тоа е долг период кој би требал да покаже резултат. Субвенциите сепак одиграа некаква улога. Го ублажија ударот од конкуренцијата и до некаде го одржаа земјоделство на одредено ниво. Тука пред се мислам на малите фармери“, истакна Ристовски.

Мал е бројот на земјоделци индивидуалци во земјава кои користат ИТ алатки, за голем дел од аграрните работници оваа е новина која одбиваат да ја прифатат, тешко им оди користење на модерната технологија во производството, велат од Комората.

Според Ристовски, само некои од комбинатите во Македонија користат софтверски решенија за планирање на своето производство.

Иако, преку својот мобилен телефон со ИТ решенија земјоделците ќе можат многу поефикасно да го одгледуваат своето прозиводство, сепак многу мал дел од производителите се одлучуваат да ги користат овие алатки.

На 16 Мај во Скопје ќе се оддржи конференција за земјоделство и прехранбена индустрија. Стопанската комора на Македонија ќе отвори две прашања. Дали македонскиот агро-сектор е подготвен да развива т.н. паметни села и да применува интелигентни софтверски решенија кои би ги намалиле трошоците и загубите, би го подобриле квалитетот на производството и би ја зголемиле конкурентноста. На претстојната конференција се очекува покрај домашните да присуствуваат и странски експерти.


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи