24 Април, 2024
0.0287

Студија покажа во кој случај маските нема да ни помогнат

Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Студија покажа во кој случај маските нема да ни помогнат и нема да не заштитат од коронавирусот. 

Ширењето на мутациите го прават вирусот позаразен, не го спречуваат ни маските ни дистанцата. 

Научниците во Хјустон објавија истражување за повеќе од 5.000 генетски секвенции од коронавирусот, која открила непрекинато ширење на мутации од вирусот, од кои една можеби го направила уште позаразен, објави „Вашингтон пост“.

Ова истражување, сепак, не открило и дека овие мутации го направиле вирусот посмртоносен или дека се променил клиничкиот исход на болеста. Сите вируси имаат генетски мутации, а повеќето се безначајни, тврдат научниците.

Коронавирусите, како што е САРС КоВ-2, се релативно стабилни како што се развива вирусот бидејќи имаат механизам за коректура додека се реплицираат. Сепак, секоја мутација е ризична, а распространетоста на Ковид-19 во светот значи дека вирусот има многу можности да се промени и тоа на проблематичен начин, се наведува во студијата од авторот Џејмс Масер од болницата „Хјустон методист“.

Новата студија, која сè уште не е рецензирана, досега е најголема подеинечна агрегација на генетски секвенции на вирусот во Америка.

Вирусологот од американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, Дејвид Моренс, вели дека постои голема можност вирусот движејќи се низ светската популација, со време да станал позаразен. 

„Носењето маски, миењето раце, сè е тоа пречка за ширење, но како што вирусот станува сè позаразен, статистички е подобро да се заобиколат тие пречки“, рекол тој.

Во светот има 33.3 милиони заразени со коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе