23 Април, 2024
0.0261

Струмичките „Мастика“ и „Струмка“ носат милиони евра

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Традиционалните брендови на струмичката компанија „Грозд“ за првите девет месеци ја зголемиле продажбата за 6 отсто, а на домашниот пазар дури за 11 отсто до износ од 2,4 милиони евра. Тоа е резултат за почит во острата конкуренција на домашни и регионални производители на „софт дринкс“, но и на жесток алкохол

Жолтата лозова ракија не е единствениот македонски препознатлив бренд од домашни жестоки алкохолни пијалоци. Најновите официјални податоци за струмичкиот производител на алкохолни и безалкохолни податоци покажуваат дека за првите девет месеци „Грозд“ има приходи од продажба кои изнесуваат 2,6 милиони евра и во споредба со истиот период лани пораснале за 6 отсто. „Грозд“ е домашна компанија која се занимава со производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци од 1953 година.

Најпознати брендови се струмичката мастика „Грозд“ (жесток алкохол со арома на анасон) и „Струмка“ безалкохолниот газиран пијалак со арома на крушка што повеќе од 40 години се произведува и продава на нашиот пазар на безалкохолни пијалоци.

Од реализираните 2,6 милиони евра најзначаен дел се од продажба на домашниот пазар. За првите девет месеци приходот од продажба е 2,4 милиони евра и тој бележи раст од 11 отсто во споредба со истиот период лани. Извозот за првите девет месеци е 230.000 евра и во споредба со лани е понизок за 20 отсто. Оперативните расходи на компанијата за првите девет месеци изнесуваат 1,96 милиони евра, а оперативната добивка е 770.000 евра. Нето добивката од почеток на годинава до крај на септември изнесува 690.500 евра. Тоа е 26,5 отсто од приходите од продажба.

Според официјалните податоци „Грозд“ е домашно акционерско друштво во доминантна сопственост на едно физичко лице од Струмица. Станува збор за Васе Митев кој поседува 76,5 отсто од акциите на компанијата. Градежната струмичка компанија „Адинг Градба“ поседува 15,9 отсто од управувачките права.Уште 40 домашни физички лица поседуваат 7,6 отсто од акциите со право на глас. Според официјални податоци достапни во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) „Грозд“ поседува 99 отсто од акциите во „Струмичко поле“ и 87 отсто од акциите во компанијата „Жито Струмица“ (податоци достапни во Проспектот на „Грозд“).

Акцијата на „Грозд“ книговодствено вреди околу 500 евра (според официјални податоци достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност). Нејзината последна пазарна цена била 2.250 денари и транскацијата е реализирана на 10 јули 2017 година кога биле истргувани 262 акции. Во последните три години компанијата не делела дивиденда. Добивката лани била 925.000 евра, а во 2017 година пониска за 160.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик