20 Април, 2024
0.0251

Струмичкиот „Мулен Руж“ ве води во „Загаденото кралство“

Објавено во: Стил 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Четврт век карневалската група „Мулен Руж“ подготвува свои маски за Струмичкиот карневал. Нивните беспрекорни, впечатливи и уникатни маски претставуваат вистински времеплов. Со необична креативност  патуваат низ времето, по мориња и океани, вон вселенски и подземни.

Годинава „Мулен Руж“ ќе се претстави со маската „Загаденото кралство“. Идејата е целосно остварена од подмладокот на оваа карневалска група. Името може да ви поткажува нешто, може и да не ви е баш лесно да претпоставивте од каде се сетиле токму за тоа име. Нина Хаџи-Котарова, член на „Мулен Руж“, вели дека оваа година следејќи ја ситуација во светот решиле да испратат порака дека сите патат од тоа без разлика на статусот во општестото.

За читателите на Женски магазин, Нина открива дека песната и подготвената точка ќе допринесат за целосно претставување на пораката која сакаат да ја пренесат на Струмичкиот карневал, но и пред целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган