19 Април, 2024
0.1672

СТРУКТУРА НА ИЗВОЗОТ И УВОЗОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Објавено во: Агробизнис, Колумни 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Поради важноста на извозот за развој на стопанството на секоја земја пак се навраќаме на извозот на македонското земјоделство кое со својот извоз учествува во вкупниот извоз на Македонија помеѓу 12 до 15%.

Овој пат сакаме да ја анализираме глобалната структура на земјоделскиот извоз по стокови сектори на СМТК, вредносно и во проценти.

  Таб. 1 Вредност на извозот на македонското земјоделство

  во милиони УСА долари


Извозот на храна далеку има најголема вредност, што е позитивно, меѓутоа шестгодишниот период (2011-2016год.) покажува нестабилна вредност, а што е уште полошо има опаѓање  на извозната вредност во последните две години за близу 50 милијарди долари. За жал  и ако се со помало значење, и другите компоненти имаат слична тенденција, меѓутоа пораст има кај друго, но тоа не можело да ја покрие вкупната  намалена  вредност помеѓу 2011 и 2016 година за околу 145 милијарди долари.

  Таб.2 Структура на извозот на земјоделството (проценти)


Компонентата друго”ги опфаќа и во извозот и увозот следните производи: маслодајни плодови, животински и растителни сурови материи, животински и растителни масти и восоци.

  Анализа на процентите (таб.2) покажува опаѓање на учество на пијалоци и тутун, а пораст на храна и “друго”.

  Таб.3 Движење на вредноста на земјоделски увоз

  во милиони УСА долари


Положбата на македонската економија низ призмата на вредноста на светскиот пазар е познат по релативно долготрајно и релативно висока негативна разлика. Бидејќи е и македонското земјоделство со негативен извозно-увозен биланс, секој пат е од значење можноста земјоделството сепак да покрие дел од дебаланс на буџетот на Државата.

Во овој период (20111-2016)  учеството на земјоделскиот увоз во вкупниот увоз на РМ се движи од 11% до 13% нешто помалку отколку во извозот. Интересно е дека тенденциите во овој период кај увозот се слични на процентите кај извозот.

  Таб.4 Структура на земјоделскиот увоз (проценти)


Доколку највисоката вредност на увезената храна опаднала во последните две години за околу 40 милијарди долари (таб.3). Меѓутоа увозот кај пијалоците и тутун не е со намалена вредност. Во споредба со извозот, увозот на храна е далеку со повисока вредност и учествува во вкупниот земјоделски увоз со околу 80% (таб.4) што покажува дека македонското земјоделство не може да субституира поголеми количини на храна. Тоа е резултат и на големата разлика на цената по единица извезена и увезена храна, односно еден тон  храна извезуваме за (просек од 5 години) 815 долари, додека увезената храна ја плаќаме по 1164 долари по тон. Ублажување на состојбата може да се очекува ако се ориентираме на поголема поддршка на извоз и повисока финализација на примарните производи.


Проф.Д-р. Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари