20 Април, 2024
0.0259

Струјата за март поскапува за повеќе од 40 отсто! Еве за кои фирми

Објавено во: Економија 25 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Сите приватни фирми, државни институции, јавни претпријатија и министерства кои се обврзале од снабдувачи да купуваат струја по цена од берзата ХУПЕКС во март ќе платат струја поскапа над 40 отсто од февруарската сметка

Сметките за електрична енергија за март за сите приватни фирми, министерства, болници, училишта, судови и други јавни установи поскапува за повеќе од 30 отсто. Ова важи за сите правни лица кои купуваат струја на слободен пазар, а со своите снабдувачи склучиле договори во кои се обврзале дека ќе плаќаат по цена од унгарската берза за струја ХУПЕКС.

Ова значи дека фирма со повеќе од 50 вработени која мора да купува на отворен пазар и која во февруари платила 5.000 евра за струја, за март ќе плати барем 2.000 евра поскапо.

Анализата на „Фактор“ на официјалните податоци од ХУПЕКС покажува дека просечната базна цена на електрична енергија на ХУПЕКС во првите 24 дена на март изнесува 264 евра за еден мегаватчасВо споредба оваа цена просечната цена на електрична енергија за февруари изнесува 194 евра за еден мегаватчас (официјален податок достапен на www.hupx.hu

Просечната цена на струјата за првите 25 дена на март е повисока за 90 евра односно 46 проценти во однос на просечната официјална базна цена на мегаватчас за февруари.

По зголемената волатилност со цените на природниот гас во Европа уште од декември лани и пропаста на некои снабдувачи на нашиот пазар се случи драстична промена. Снабдувачите со цел да се заштитат од волатилноста на цените решија струјата да ја продаваат по цена од ХУПЕКС на која додаваат трговска маржа со која ги покриваат своите трошоци за набавка и пренос на струјата. Најголем дел од договорите кои се на сила кај буџетските корисници кои купуваат на јавни тендери (ги има околу стотина правни лица од јануари до сега) и уште околу 500 приватни фирми (по наши неофицијални сознанија) купуваат струја од снабдувачите по цени кои се формираат на ХУПЕКС. За сите овие фирми, институции и установи повеќе од сигурно е дека сметките за март ќе бидат поскапи можеби и за 50 отсто доколку во последниве 6 дена од март не се случи чудо!

Воената криза во Украина ги зголеми цените на струјата на оваа берза во март. Руската офанзива започна на 24 февруари и веќе следниот ден струјата на таа берза поскапе за 40 евра и се продаваше по цена од 219 евра за мегаватчас. На први март мегават струја чинеше 250 евра, за на 8 март да ја достигне рекордната цена од 585 евра за еден мегаватчас. Ден пред тоа чинела 463 евра, а на 9 март 473 евра.

Најниската цена за овој месец е постигната на 20 март кога мегават базна енергија чинел 129 евра. Дури девет дена во март мегаватот просечно се тргувал од 232 до 279 евра, а осум дена цената била повисока од 300 евра за мегават час. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите