20 Април, 2024
0.1143

СТРАВ ОД КОРОНАВИРУС: Од Скопје заминале во викендички во Винце

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Триесетина жители на главниот град исплашени од ширењето на коронавирусот, заминале во своите куќи и викендички во кумановското село Винце, кое има педесетина жители.

Во период, додека не одат на работа, а децата не посетуваат настава, овие луѓе процениле дека ќе бидат побезбедни во ова мало село. Ги има од сите возрасти, а со себе ги земале и децата. Престојуваат во куќите кои им ги оставиле родителите, бабите, дедовците.

Во селото се вратија триесетина луѓе кои живеат во Скопје, и мал дел во Куманово, затоа што сметаат дека се безбедни, и додека трае епидемијата нема да се мешаат со други луѓе. Селото има вода, а продавница има на 3 километри оттука во соседното Којнаре, но тие сепак доаѓаат со залихи од храна барем за една недела. Има и постари луѓе, пензионери кои се дојдени со внуците, деца на школска возраст. Таман периодов ќе им дојде како одмор. Мештаните се информирани за коронавирусот, сите следат што се случува, гледаат телевизија, но не се плашат, затоа што во селото нема заразени“, вели претседателот на месната заедница во селото, Аце Гигевски.

Горан Наумовски, кој потекува од ова село раскажува дека иако селото е иселено, сепак последните години има тренд на градење на нови куќи и викендички. Додава дека во селото има група на луѓе која е вратена токму поради ширењето на опасниот вирус.

„Слушам и детски џагор, а има и постари луѓе кои не си одат дома, постојано се во селото. Местото е изолирано, и нема никаков надворешен контакт, така што првиот контакт да се измешате со луѓе е на бензинска пумпа на 4 километри оттука. Има група на луѓе од сите возраст кои се вратени во селото токму поради состојбата со вирусот. Има чист воздух, убава природа. Мојата сопруга е на работа, инаку и јас би отишол таму“, раскажува Наумовски.

Бројот на заразени од Ковид 19 во земјава расте. .

Македонија е во вонредна состојба, додека Дебар и Центар Жупа се во кризна состојба, а градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово е прекинат, со што градот е изолиран. Надлежните преземаат мерки за да се спречи ширењето на вирусот. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра