25 Април, 2024
0.0717

СТРАТЕГИИ НА ЕУ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛСКИТЕ РЕОНИ ВО ЕВРОПА

Објавено во: Агробизнис, Колумни 25 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Една од основните цели на политиката на ЕУ за развој на селските реони во Европа е заживувањето и заздравувањето на селската економија. За таа цел треба да се искористат нови модерни форми на производство и развој, кои за да се обединат со наследството од капацитети, кутури, знаења и умеења. Во секој селски реон точните решенија ќе зависат од локалното население, од локалните или регионални производи, пазари и можности. Така што стратегиите за развој на селските реони ќе зависат од реонот во кој ќе се спроведуваат.

  Какви стратегии за развој на селските реони во Европа се  можни  и кои сектори од селската економија опфаќаат?

  1.Стратегија во земјоделството . Промена во развој на земјоделството  -фармерството секој пат било фундамент за повеќе селски економии. Во  поголем дел во земјите во Европа  фармерството претставувало начин на живот и тоа ја создало културно наследство  на реонот. Неопходно е фармерството да биде поддржано низ цела  селска Европа (Западна, Централна, Источна) во богати и во посиромашни земји. Тоа е неопходно не само за да се произведува храна за Европа но и да се поддржи начин на живот, селската економија и културното наследство на сите тие селски реони. Поради сите тие причини ЕУ се спротивстави на идеите, фармерството да се одели од граничните региони да се концентрира само врз  најплодните земји и најдостапни фармерски имоти.

  -Производство на квалитетни прехрамбени производи. Целта за производство на храна внатре во ЕУ и растечката загриженост во однос на здравствено безбедна храна и влијанието на фармерството врз природната средина – сето тоа ја промени ударната цел на заедничката аграрна политика.  Ударната цел се премести од количина  кон квалитет на храната и најмногу во однос на здравјето и заштитата на животната средина.

Бидејќи слични промени настануваат насекаде во Европа, прифаќањето на таква тенденција со производство на храна ќе придонесе за развој на селската економија во реонот, кога ќе се осигура висок квалитет на тој производ за кој има најпогодни услови за развој на селскиот реон.

  -Обезбедување на додадена вредност кон производите на фармерите.  Фармерите и другите жители на селските реони треа да се поттикнуваат и да остваруваат и дополнителен приход од локалното производство. На пример, произведеното млеко да се преработува во сирење, путер и други млечни производи кои ќе донесат додадена вредност на фармерскиот производител на млеко. Истото се однесува и во производствто на месо, дел од кое може да се преработи во традиционални месни производи. Овошните плодови да се преработат во разнообразни конзерви, волната да се претвори во алишта. Сите тие и други преработки треба да се продаваат  на туристите во регионот или на други жители.

  -Диверзификација на фармерските доходи. Малите фармери кои не можат да остварат потребен доход од фармерството терба да бидат стимулирани и да им се даде можност да ги диверзифицира доходите како со други дејности во фармите така и надвор од неа. Тоа може да биде воведување  во производство на нова култура, селски туризам, складишта за локалното производство и др.

2. Стратегии за развој на ситна индустрија, занаети и услужни сектори за селската економика. Централизацијата на економските активности доведе до намалување на идустрискиот сектор во многу селски реони. Тоа е главна причина за слабостите на селската економија, како и миграцијата на жителите од селскиот регион кон градовите. Причината на таква стретегија се базира на желбата на многу луѓе и форми да ја претставуват својата дејност надвор од градовите. Затоа е важно да се прифати стратегијата за заживување на  индустрискиот елемент во селската економија.

  3.Стратегија за развој на селски туризам. Секаде во Европа туризмот е под влијание на владите, на локалната власт и други институции, како сектор кој расте во националната и локалната економија. Тие институции се свесни за растечкото влијание на селските реони како реони со нови туристички можности и предвидуваат дека туризмот може да донесе нови можности за тие реони.

  Селскиот туризам меѓутоа претставува и голема потенцијална опасност. Кога туристи се премногу со своите коли опрема можат да ги преплават малите градови и села, а кога нивната култура може да е туѓа и агресивна кон таа селска заедница. За да се обезбедат чиста печалба и селскиот туризам, потребна е многу јасна концепција за целите и силен професионален менаџмент на програмите за развој на локалниот туризам.

  4.Стратегии и развој на телекомуникациите. Модерните телекомуникации во голем степен можат да помогнат за заживување и заздравување на селската економија и услужните сектори. Телекомуникациите и компјутерите ќе дадат можност на малите и средните претпријатија во селските реони да имаат пристап до пазарите , снабдувачи и соработници, независно од растојанијата а тоа многу ќе ја зголеми ефективноста од работењето.

  5.Стратегии за заштита на природата во селските реони.Во многу делови на Европа, богатството на дивата природа застрашувачки се намалува прес последните педесетина години воглавно заради човечката дејност, која се изразува во канализирање на реките, прекумерна употреба на  минерлни ѓубрива, загадување на воздухот, почвата и водните ресурси, развој на големите градови, индустријата и транспортните и морски одмаралишта и.т.н. Од друга страна делувањето на човекот ја збогатува дивата природа кога создаваат системи за наводнување, озеленување на градовите и создавање на паркови и резервати. Затоа е потребна општествена поддршка и разбирање да се изгради стабилен систем и долгорочен план за заштитата на наследството неопходно на Еворопските жители и нивните идни поколенија.

П.С. Оваа стратегија е донесена пред дваесетите години и на големо се користат  во Европа, па може да биде убав пример на нашето општество да донесе слична стратегија кои и да се водичи во заживување и развој на нашите селски реони.


Проф. Б.Анакиев  Проф. Ромина Кабранова 


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади