28 Март, 2024
0.3723

Странските инвестиции повторно во минус, има ли плафон за цехот од кризата

Објавено во: Економија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Второ тромесечје по ред, наместо прилив од странски инвестиции во земјава, статистиката бележи одлив на девизи од инвеститори во земјава. Бројките за третиот квартал ги објави Народната банка. Покажуваат дека во месеците јули август и септември од земјава оделани се 5,4 милиони евра. Впрочем тоа е нето одливот кој се должи на намалената реинвестирана добивка која е во вкупна сума од 37,7 милиони евра. Во земјава се влеале 32,3 милиони евра само и тие се резултат на инветсиции врз основа на меѓукомпаниски долг на постојни инвестиции и влез на споственилки капитал од само 8,2 милиони евра. 

Со овие податоци, впрочем шест месеци по ред има нето одлив на девизи од земјава. Во вториот квратал исто така немаше забележани нето приливи по однос на странски инвестиции, или тогаш нето одливите кои се минусот од приливот и одливот изнесуваа 9,3 милијарди евра. Сето ова пак придонесе за сите девет месеци годинава во земјава како странски директни инвестиции да се заведени само 119,5 милиони. 

Ова е една од најслабите години по овој показател. Во првите три месеци вкупните директни инвестиции изнесуваа над 137 милиони евра изнесуваат свкупните директни инвестиции во земјава во првите три месеци годинава. 

Лани во текот на цела 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Од нив 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.

Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

Но не се само инветсициите. Вчера министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од пандемијата во Македонија моментално има невработени некаде околу 15.000 граѓани. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат