СТОТИНА САМО НА СЕВЕРОТ: Грците масовно ги продаваат хотелите
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Мај, 2020
Грците масовно ги продаваат хотелите, а стотина хотели веќе се продаваат на северот на земјата.
Најевтиниот се нуди за половина милион евра.
Се продаваат и голем број објекти лоцирани на Халкидики.
Цените почнуваат од 160 илјади евра, а таков објект е лоциран во Врасна. Овој објект има четири апартмани и е на 200 метри од морето.
Се нудат на продажба хотели во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија.
Бидејќи имавме убаво време за викендот, на грчките плажи беа забележани луѓе.Јужниот сосед строго ќе контролира кои туристи ќе ги прими во текот на летото.