29 Март, 2024
0.0250

Стопанската комора доби Сертификат од Светската царинска организација

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Под мотото „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската управа денеска го одбележува Меѓународниот ден на Царината каде царинската заедница ќе се фокусира на придонесот кон одржлива иднина, при што социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби ќе бидат во сржта на нејзините активности.

Поаѓајќи од исклучителниот ангажман и придонес за поголема ефективност и ефикасност во работењето и развојот, oваа година фокусот се става на заштитата на животната средина, т.е. како да се има поквалитетна средина за живеење. Царината може многу да придонесе во создавањето на стабилно и предвидливо деловно опкружување, мора повеќе да се посвети на заштита на животната средина, како и тоа да се врати довербата на институциите и компаниите. 

-Како Царинска управа, во наредниот период ќе вршиме притисок  врз сите институции да се продолжи кон целосна дигитализација која е неопходна за работењето во иднина, - истакна директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија во име на Меѓународната царинска заедница, додели Сертификат и на Стопанската комора на Македонија, за давање на исклучителни услуги. Инаку Сертификатот се доделува по препорака на Царинската управа на нашата земја, како резултат на долгогодишна успешна соработка, но и во знак на благодарност што Стопанската комора на Македонија во октомври минатата година беше домаќин на презентацијата „Паметни граници за беспрекорна трговија, патувања и транспорт“. Презентацијата се реализираше во соработка со Царинската управа, како дел од Конференцијата на Светската царинска организација (СЦО) – „ПИКАРД“ (Партнерство во царинското истражување и развој), која неколку дена се одржуваше во Скопје.

В.д. извршниот директор на Комората, Билјана Пеева-Ѓуриќ,  истакна дека овој сертификат е уште една потврда за успешната соработка со Царинската управа во изминатиот период, а ваквиот тренд на соработка и храбри чекори ќе продолжат и во иднина. При тоа посочи дека концептот на Паметни граници, што беше презентиран во Комората во присуство и на млади генерации студенти потенцијални стручни кадри во дејноста, има важност од аспект на користење на големите податоци (big data) за аналитички потреби кои можат да дадат многу појасна слика за електронската трговија, автоматизирањето на процесите, безбедноста и елиминирање на ризиците, обезбедување мерливост и користење на новите технологии.

Денот на Царината беше одбележан и со доделување награди за успешно работење и на неколку царински службеници, а добитник на Признаниеза придонес кон развојот на Царината е и компанијата „Фершпед“ од Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра