29 Март, 2024
0.0352

Стопанската комора - клучот во соработката на училиштата и компаниите

Објавено во: Економија 18 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Главен предизвик за земјите и економиите е одржливиот инклузивен раст и развој. Тоа ја наметна потребата за оспособени, стручни и компетентни лица со релевантно образование и обука и подобрување на врската помеѓу пазарот на труд и образовниот систем. Но прашањето кое се поставува е: Како да се подобри оваа врска?


Еден начин за решавање на состојбата е реформирање на стручното образование и обука и развивање нови или подобрување на постојните квалификации согласно релевантните потреби на економијата и бизнисот во целост. Тоа значи унапредување на образовните услуги, модернизација на стручното образование, релевантно и применливо знаење и менување на концептот реализација на обуката, односно на средината на учење. Воспоставувањето на Националната рамка на квалификации е уште еден чекор во унапредување на образованието и обуката, а учењето на работното место игра важна улога во целиот процес за стeкнување искуствено знаење. Учењето на работно место значи применливост на теоретското знаење и развивање на практичните вештини и компетенции.


Но, во целиот процес, најважно е учеството на социјалните партнери. Социјалниот дијалог помеѓу образованието, односно училиштата и пазарот на трудот, компаниите, стана неопходен и од формален прерасна во суштински дијалог. Компаниите и училиштата ја продлабочуваа својата соработка, но главната улога во целиот процес ја има Комората. 


Таа ги препознава потребите на работодавачите и ги поврзува со училиштата, од каде што, преку практичната обука на учениците во  компаниите, компаниите можат да го препознаат и обезбедат потенцијалниот кадар за вработување. Комората влијае на испораката на нови квалификации и на унапредување на постојните квалификации со нејзиното учество во изработка и иновирање на стандардите на занимања и квалификации, наставните и испитните програми и учеството во завршниот испит за стекнување квалификација со што дава поддршка на образованието и реализација на обуките за ментори во компании и верификација на работодавачи за практична обука на ученици кај работодавачи преку поддршката на компаниите.


Важноста на Стопанската комора на Македонија ја препозна и државата и нејзината улога во стручното образование и обука беше законски уредена преку Законот за стручно образование и обука.


И на крај, никако не смееме да заборавиме дека Комората прави напори да го подобри образованието за да развива и испорачува потребни вештини за вработување  и придонесува за зголемување на компетенциите и намалување на вработливоста. КОМОРАТА Е КЛУЧОТ ШТО ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТАТА.

М-р Наташа Јаневска, самостоен советник, Стопанска комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат