29 Март, 2024
0.0254

„Стопанска банка Скопје“ нуди 25 денари фиксна дивиденда за приоритетните акции

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Стотина ангажирани иматели на приоритетни акции во „Стопанска банка Скопје“ упорно, континуирано и трпеливо бараа од најголемиот акционер на таа банка да се сложи за промена на статусот и конверзија во обични акции. Ќе влезат во корпоративната историја на Македонија со тоа што успеаја да добијат понуда од големиот акционер која не содржи конверзија, но вечно право на фиксна дивиденда од 25 денари за акција. Дали ќе запрат во нивната борба?

НБГ, мнозинскиот акционер во „Стопанска банка Скопје“, нуди25 денари дивиденда на сопствениците на приоритетни акции. Со ова мнозинскиот акционер нуди предлог да го реши судирот што го има со бројни сопственици на приоритетни акции кои тврдат дека се обесправени од политиката на банката за нивниот третман. На последното акционерско собрание (одржано на 29 мај годинава) банката даде полугодишна дивиденда од 4 денари во бруто износ за секоја приоритетна акција. За истиот период сопствениците на обични акции добија бруто дивиденда од едно евро по акција. На оваа одлука бурно реагирале имателите на приоритетни акции (кои немаат право на глас н.з.) кои подолго време вршат континуиран притисок врз банката со различни легални форми кои содржат и комуникација со Комисијата за хартии од вредност и Народната банка.

Во најновиот предлог за измени на Статутот на Стопанска банка Скопје е опфатен и членот 18 од Статутот кој ги предефинира правата на имателите на приоритетни акции . Овој предлог ќе биде ставен на гласање на претстојното акционерско собрание на банката закажано за 19 ноември. Предлозите за претстојното акционерско собрание се објавени во петок (18.10) на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Подолу е цитат од предлог одлуката за измена на Статутот која се однесува на имателите на приоритетни акции:

-Сопствениците на приоритетни кумулативни акции имаат право на дивиденда во однапред определен износ од 25денари по акција (6,25 % од номиналната вредност на приоритетната акција). Доколку Банката не оствари добивка во износ кој е доволен да го покрие износот на дивидендата на вкупниот број на акции, остварениот дел од добивката, Банката ќе го распредели само на акционерите кои имаат приоритетни акции (со гарантирана фиксна дивиденда), а најмногу до висина на остварениот дел од добивката. Доколку Банката не оствари добивка доволна за исплата на утврдениот гарантиран износ на дивидендата, имателите на приоритетните акции ќе имаат право на кумулативна дивиденда, односно наплата на заостаната дивиденда во наредните години.”

Сопственици на приротитни акции се противат на начинот на кој досега Стопанска банка Скопје ја пресметува добивката на приоритетните акции и тоа врс основа на годишна каматна стапка на штеден влог на една година на кој дополнително се додава соодветен процент утврден со одлука за каматни стапка интербанкарска комисија за управување со актива и пасива.

Во акционерската структура на „Стопанска банка Скопје“ има над 17,46 милиони обични акции од кои над 94 отсто се во сопственост на грчката банка НБГ. Приоритетни акции се 227.444 немаат право на глас, а над 50 отсто од нивните сопственици се ангажирани и активно бараат измена на нивниот статус и конверзија на приоритетните во обични акции.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат