09 Октомври, 2024
0.0263

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

На барање на Комисијата за хартии од вредност примено во Стопанска банка АД Битола на 13.09.2024 година (арх. Бр. 02-10978/1 од 13.09.2024) за произнесување по објавени написи во медиуми, врз основа на Член 21 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, а во врска со изнесените изјави (во електронските медиуми на 12.09.2024 година) од страна на акционерот Пелистерка АД Скопје, Управниот одбор ја известува јавноста за следното:

Во врска со Понудата за преземање и Проспектот за преземање на акции издадени од Стопанска банка А.Д. Битола објавени од страна на преземачот Комерцијална банка АД Скопје на 26.08.2024 година за преземање се сите 390.977 обични акции со право на глас издадени од страна на Стопанска банка A.Д. Битола со ИСИН број: MKSBTB101013 по понудена цена за откуп на 1 (една) обична акција со право на глас во износ од 3.200 денари по акција, Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола согласно член 21 став 4 од Законот за превземање на акционерски друштва на 04.09.2024 година јавно го објави своето Мислење во врска со понудата за преземање издадена од Комерцијална банка АД Скопје а истовремено го објави и мислењето на вработените во Стопанска банка АД Битола.

Во своето Мислење Управниот одбор наведе дека во врска со условите утврдени во Понудата за преземање и Проспектот за преземање на акции издадени од Стопанска банка А.Д. (цена, рок, праг на успешност итн.) не се водени преговори помеѓу Управниот одбор на банката и Преземачот.

Понудената цена за една обична акција од 3.200 денари е над номиналната цена на акцијата од 3.000 денари и е значително над просечната цена од 2.740,21 денари остварена со тргување на акциите издадени на Македонската берза на хартии од вредност во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.

Последните ревидирани финансиски извештаи на Стопанска банка А.Д. Битола се за деловната 2023 година. Ревизијата на финансиските извештаи ја изврши БДО ДОО Скопје. Согласно мислењето на ревизорот, ревидираните финансиски извештаи за 2023 година реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на Стопанска банка А.Д. Битола, како и нејзината финансиска успешност и нејзиниот паричен тек за 2023 година, во согласност со регулативата на Народна банка на Република Северна Македонија.

Книговодствената вредност на обичните акции издадени од Стопанска банка А.Д. Битола пресметана врз основа на ревидираните финансиски извештаи за 2023 година изнесува 4.326,76 денари.

Со состојба на 31.12.2023 година вкупниот капитал и резерви изнесуваат 1.691.663 илјади денари.

Одлука за исплата на дивиденда носи највисокиот орган - Собранието на акционери на банката. Во изминатите десетина години Собранието на акционери на банката нема донесено одлука за исплата на дивиденда бидејќи е водена политика на јакнење на банката согласно законските и регулаторни барања а со цел одржување на стабилноста и сигурноста на банката и нејзините депоненти. 

Акционерот Пелистерка АД Скопје е квалификуван акционер кој заедно со поврзаниот субјект Тимох ДОО Скопје поседува 21,85% од акциите со право на глас во Стопанска банка а.д. Битола.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?