23 Април, 2024
0.0424

Стојко Стојков: Бугарија се надева да ја уцени Македонија да направи фатални и непоправливи отстапки

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Софија притиска со можна блоклада на преговорите на Македонија, Стојко Стојков, копретседател на партијата на Македониците во Бугарија, ОМО Илинден - Пирин  вели дека источниот сосед сака да ја уцени Македонија.

Според него, македонската Владa не треба да попушта.

„Мислам дека Бугарија се надева да ја уцени и изнуди Македонија да направи фатални и непоправливи отстапки преку заканата со блокада. Проблемот за Бугарија е што таа не е Грција и Европа не гледа со добро око кон апсурдните во секоја една смисла, претензии на Софија. Тоа веќе беше јасно испорачано и внимателното подигање на прашањето за македонското малцинство во Бугарија е јасно предупредување кон Софија да се повлече. Тоа е ахилесовата петица на Бугарија. Сѐ што треба е македонската Влада да не попушти и тоа ќе се покаже на крај како празен блеф на Софија. За жал, го прави македонското малцинство заложник на геополитиката. Но, во секој случај поставувањето на прашањето за нас е позитивно“, вели Стојков.

Колку Македонци живеат во Бугарија, Стојков вели дека точната бројка никој не ја знае.

„Бројката никој не ја знае за жал - пописите се сериозно манипулирани и секој пат има кампања со закани. Последниот попис 2011 имаше 730.000 луѓе „без етничка определба" скоро сите од малцинствата. Последниот попис на кој можеше слободно да се изјасниш како Македонец беше 1956 и тогаш беа 187.000 Македонци“, додава Стојков.

Премиерот Зоран Заев посочи дека она што го понудила бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева на средбата со македонскиот колега Бујар Османи во Софија не е ниту добрососедски, ниту братски, и рече дека треба да го подготват народот дека можеби нема да ги почнеме преговорите.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изјави дека ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не заслужува да се вика европска. Додаде дека оние кои сакаат да го доживуваат македонскиот народ како пријателски, треба да прифатат дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Брисел ги повикува бугарските власти и на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што  се наведени, меѓу другото, и пресудите што се однесуваат на неможноста на македонското непризнаено малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии