19 Април, 2024
0.0312

Стојанче Ангелов до Апасиев: Професоре, дај оладете малку, Мицкоски нема да ви дозволи да предводите фронт

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, уште еднаш го покани пратеникот Димитар Апасиев на кафе и му порача да не ги пренесува селективно информациите дека наводно „Македонија викендов ќе биде распарчена во Софија“.
Поранешниот генерал му порача на лидерот на „Левица“ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нема да му дозволи да биде предводник на националниот фронт против актуелната власт што го најавува.

„Овојпат професоре вниманието ми го привлече вашата последна објава на Фејсбук во која навидум се прашувате но повеќе тврдите “ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!“.

Професоре, верувам дека знаете но еве оставам можност и да не знаете, предметот на вашата дилема воопшто не е вистинит. Бидејки, ако читавте неселективно ќе ја прочитавте а можеби и пренесевте и синоќешната изјава на премиерот Заев во која тој јасно, без никаква дилема, порачува дека е Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет а Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.

Исто така сте можеле да ја прочитате и пренесете и неговата вчерашна изјава дека “македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори“, и дека “корењата, историјата на мојот народ и на мојот македонски јазик, се исто мое суверено право и право на самоопределување“.

И не само кристално јасните вчерашни изјави на Премиерот туку и изјавите на безмалку сите значајни државни, политички, научни, владини и невладини фактори, почнувајки од Претседателот на државата па надолу се единствени и бескомпромисни по прашањето на македонскиот идентитет и јазик.

Но вам професоре најверојатно повеќе ви одговара да читате селективно и уште полошо, да пренесувате селективно, притоа не водејки грижа за штетата која, намерно или ненамерно, ја правите на народот и државата и сето тоа за некоја стотка или илјадарка лајкови повеќе. Сериозна државна и меѓународна политика не се води на тој начин професоре. Со намерно или ненамерно ширење дезинформации, со предизвикување хистерија, со користење на улични изрази.

Но ова не е се. Вашата хистерија не сопира овде. Во синоќешната објава на Фејсбук вие дополнително долевате масло на огнот користејки силни и вознемирувачки изрази. “Тотална војна, народ, драматичност, сериозност, радикализирање, ескалирање, искрени апели“, понатаму, “создавање на силен и обединет опозициски антивладин фронт“ против “најголемото зло од влада од АСНОМ до денес“, нормално притоа наметнувајки се самиот себе си како лидер, па продолжувате со “сеќири, сатрапи, губење на Републиката, памет, его, борба“...

Професоре, дај „оладете малку“. Македонија била и ќе остане овде засекогаш, Македонците биле и ќе останат овде засекогаш, зборуваат и ќе зборуваат на македонски јазик засекогаш. И нема сила која може да го промени овој едноставен факт.

Патем, зарем мислите дека лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, ќе остави вие да предводите било каков фронт?“, гласи дел од напишаното на лидерот на „Достоинство“ на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден