24 Април, 2024
0.0820

Сточарите се жалат на ниските откупни цени на јагнешкото

Објавено во: Агробизнис 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Со големи проблеми се соочуваат македонските сточари кои уште пред еден Велигден ќе бидат принудени да ги продаваат јагнињата по многу ниски откупни цени иако годинава се стигна до околу 150 денари по килограм. Проблемите од минатите години со манипулирање на цените ќе бидат тежок предизвик за надминување. 

Највисока цена постигнало кај италијанските откупувачи, кои во Полошко плаќаат по 150 денари за прва класа, односно за живо јагне под 20 кг.

Во Пелагонискиот регион домашните кланичари откупуваат по цена од 145 денари за прва и 140 денари за втора класа.

Во Штипско- Карбинскиот регион откупната цена е најниска и таа изнесува 140 денари за килограм жива мера. Сточарите стравуваат дека во продажниот шпиц пред католички Велигден, кога побарувачката е најголема, не ќе успеат да продадат повеќе од 20 000 јагниња од источниот регион, пренесува Сител

Студијата изработена на Институтот за сточарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, покажала дека производствената цена на јагнето е помеѓу 175 и 180 денари. Тоа јасно укажува дека македонските сточари во моментот од продажбата на јагниња работат во загуба.

Минатата година им беше ветено од страна на ресорниот министер дека, разликата од 40 денари ќе биде субвенционирана од буџетот, но досега тоа не е реализирано. Друг проблем е што во континуитет се намалува сточниот фонд, па само во Штипско бројот на овци е намален за 30 %.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари