Стевче Јакимовски: Ќе ги тепаме, не им се плашиме!
Објавено во: Македонија 19 Март, 2019
Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на општина Карпош пред новинарите извика „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“ додека беше префрлан со полициска придружба од старата во новата зграда на Кривичниот суд.
Покрај тоа, претседателот на ГРОМ симболично покажа два прста во знакот на победата. Од утринава тој и уште неколку лица се приведени и даваат исказ кај судија за предистражна постапка.
МВР поднесе кривични пријави за Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Јакимовски и соработниците во периодот од 2011 до 2017 им овозможиле на управителите на „Гром Промет“ „ЕМАГ“ и „Дот Мебел“ за многу поевтина цена да купат земјиште кое со објекти кои биле времени, а не нелегализирани, и на нивно место да изградат објекти.