20 Април, 2024
0.0286

Стефановска: Пандемијата ги стави луѓето во грч кој телото долго ќе го памети

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата донесе многу негативни и малку позитивни работи во животот на луѓето, и новата нормалност ќе го смени начинот на живот.

Периодот кој помина беше исполнет со рестрикции во движењето и голема претпазливост, со цел луѓето да не се заразат од новиот коронавирус. Психолог Христина Стефановска вели дека пандемијата е поголема психолошка криза за целиот народ од било каква економска, стопанска, политичка криза.

„Кога станува збор за криза која веќе долго трае можните позитивни исходи од истата се помалку бројни од негативните. Народот е крајно исфрустриран, исплашен, конфузен во своето дејствување и живеење. Што значи дека после завршувањето на оваа пандемија ќе нѐ очекувааат повеќе негативни последици врз менталното здравје отколку позитивни исходи од истата. Прилагодувањето кон новонастанатата ситуација и условно речено адаптацијата кон новиот начин на живот сѐ уште трае и ќе трае бидејќи ќе постои група на луѓе која сепак нема да може да се адаптира на овој начин на живот. Ќе се бунтува и ќе биде девијантна во своето дејствување што ќе биде резултат на целокупното разочарување.  Дел од луѓето слепо ќе ги почитуваат мерките плашејки се за себе или за своите најблиски носејќи чувство на вина за да не бидат тие самите причина за нечие заразување. Постои и група на луѓе кои за целото ова време останаа будни, свесни за своите мисли, емоции и фрустрации, зачувувајќи го својот разум и можеби тоа е единствената група луѓе која ќе биде најмалку погодена од сето ова“, изјави Стефановска.

Таа додава дека новиот начин на живот им го ускрати детството на децата, им ускрати дел од социјалниот развој кој е фундаментален за нивната личност. Психологот објаснува дека пандемијата ги врати семејствата во домовите, но не на афтентичен и спонтан начин туку принуден и заложнички одземајќи им ја слободата на дејствување и движење.

Како да бараме тогаш семејно сплотување, разбирање и растење кога на секој од членовите на семејството му е одземена психо-социјалната, па и физичката слобода која е основна база за добро ментално здравје. Притоа човекот е социјално суштество. Има потреба од социјализација и таа ни е сместена во хиерархијата на мотиви на нашата личност. Овој начин на живот луѓето ги остави без физички контакт, без поздравување, без прегратка, бакнеж. Ги стави во грч. Грч кој телото долго ќе го памти. Следствено на ова очекувано е после пандемијата луѓето да бидат изолирани, отуѓени, ладни, егоистични, диви едни со други. Новиот начин на живот донесе дезинфекција, маски, ракавици и ќе направи хипохондрично општество. Општество што ќе се плаши од болести. Општество во кое родителите ќе го интроектираат сопствениот страв во нивните деца и ќе ги научат како да се плашат. Сето тоа ќе биде добра подлога за психосоматските заболувања кои ќе не очекуваат откако сево ова ќе спласне и луѓето ќе се опуштат од грчот во кој живееја подолго време“, објаснува психологот.

Стефановска додава дека после пандемијата,  луѓето ќе бидат поттикнати да работат повеќе на себе, на сопственото ментално здравје од причина што ќе мораат, бидејќи секако со овој стекнат емоционален импулс ќе направат и нов увид во себе самите и во својот личен раст и развој особено кога тоа ќе го прават со стручно лице.

„Ќе ја засакаат повеќе природата, особено локалната во нашата држава. Ќе научат да уживат во природата и да го црпат најдоброто од неа согледувајќи го терапевтскиот пристап што природата го има врз човекот а човекот најмалку беше во контакт со неа“, рече Стефановска.

Oд почетокот на кризата, во Македонија кај повеќе од 3.200 луѓе е дијагностициран коронавирусот, а истиот однесе над 150 животи.

Повеќе од 1.600 македонски граѓани сепак го победија вирусот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители