29 Март, 2024
0.0272

Стефановска: Да им дадеме шанса на жртвите на родово базираното насилство да ги раскажат нивните приказни

Објавено во: Македонија, Интервјуа 28 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Жртвите на родово и сексуално насилство мора да добијат безбеден простор да искажување на нивните приказни, на нивната траума и последици без притоа да бидат обвинувани од заедницата базирано на воспоставените шовинистички стеротипи. Дека проблемот е огромен покажа скандалот со „Јавна соба“ и климавиот одговор на институциите, но и на погрдните реакции на дел од јавноста која не е едуцирана доволно за насилството и трагите кои ги остава. Тоа ја поттикна Сашка Стефановска да го креира „Музејот на непобарани уметности“ каде низ предмети и сведоштва ќе бидат прикажи приказните на жртвите. Главната цел е да се поттикне разговор за решавање на проблемот со кој се соочени многу жени и да се надмине состојбата на неказнивост на насилниците. На 30 јуни ќе биде отворена изложбата во Art Hub како дел од „Radical idea: EquALLity“ спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development - LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Во разговорот ги начнавме и темите за женското искуство, што може да направат мажите за да бидат сојузници на жените и како да се стигне до процесот на заздравување на жртвите.

Која е твојата лична мотивација, што те инспирираше и поттикна да направиш ваков вид на изложба, како дојде до идејата и која е главната порака која сакаш да ја пренесеш?

Стефановска: Кога почнав со овој проект беше актуелно случувањето со „Јавна соба“и веднаш знаев дека тоа сакам да го работам. Мотивицијата дојде од тоа што за оваа тема не се збори често во општеството и затоа има случаи како „Јавна соба“ кои се повторуваат. Сакам да дадам поголема поддршка за жртвите, да дадам поголема видливост на самиот проблем за кој мора да бидеме гласни ако сакаме да го решаваме. Идејата за изложбата првично беше инспирирана од „Музејот на раскинати врски“ кој потекнува од Загреб и третира секаков вид на раскинати врски, не само љубовни, туку и семејни, пријателски и така натаму. Таму се изложени предметите од самите разделби, излегов од музејот по два саати плачејќи и тоа многу длабоко ме погоди. Мислам дека раскажувањето на тие приказни допира до многу луѓе. Така решив да ја направам и изложбата, да им дадам шанса на жртвите на родово базираното насилство, да ги раскажат нивните приказни.

Дали преку уметноста може да се создаде еден процес на заздравување и ослободување на жртвите и колку беше тешко тие да ги споделат нивните приказни?

Стефановска: Знаев дека тоа што го барам воопшто не е наивно, знам дека ова е сензитивна тема, јас преку повикот побарав луѓето да ги споделат своите болни приказни. Разбирам дека тоа не е лесно, но верувам дека самото споделување ќе делува како ослободување од траумата, од се она што предизвикало непријатност, дека поддршката од другите луѓе кои имаат слични приказни ќе води кон еден процес на заздравување и ќе сфатат дека не се сами. Од друга страна, му дава можност и на општеството да ги види овие приказни, да покаже емпатија, да има поголемо разбирање за тоа низ што поминуваат жртвите. Затоа најдобар начин според мене беше уметноста, да ги изложам овие приказни во еден физички простор. Јас така ја разбирам уметноста, таа не треба секогаш да биде удобна, треба да провоцира, да изнуди некаква емоција, треба да ја издoлжи перцепцијата во насока на која не сме ни размислувале претходно и да допре до некого.

Сметаш ли дека се направи доволно во општеството по случајот со „Јавна соба“ или треба да се работи уште повеќе за потенцирање на важноста на проблемот и негово решавање?

Стефановска: Мислам дека воопшто не е направено доволно. Донесен е нов Закон за заштита од насилство пред два месеца во кој се вметнати одредби за родово насилство и се дефинирани сите термини што се спаѓа, но се уште чекаме да видиме како ќе се спроведе во пракса. Потребно е уште многу за да се сфати проблемот. Имаше истражување од Национална мрежа против насилство според кој секоја трета жена е жртва на семејно насилство што е страшна бројка. Прво што ни е потребна едукација, сексуалното сеопфатно образование во училиштата може да спречи меѓуврсничко насилство, бидејќи уште од мали сме подложни на тоа. Имаме и општествен проблем со двојна виктимизација на жртвите, односно самата жртва се обвинета за тоа што и се случило. Постојано се става фокусот на жртвите, а не кон тој што го сторил насилството.

На кој начин се изразува двојната виктимизација на жртвите, зошто и понатаму се говори за тоа „како била облечена“, „сама си го барала“ и слични напади кон жените по насилството кое го преживеале и како да се постигне моментот на „empowerment“ на жените во македонското општество?

Стефановска: Толку многу е нормализирано насилството што ние не го ни сфаќаме како насилство. Како може да реагираш ако не си ни свесен дека одредено поведение е всушност вознемирување. Би помогнале многу повеќе ако не се фокусираме на тоа што направила жртвата, како била облечена, туку да се фокусираме на насилниците и дека тоа што тие го прават е лошо. Таков начин на размислување и обвинувања ги сретнуваме кај дел од мажите, но и кај жените поради тоа што сме израснати во патријахално општество. Некогаш и жените може да бидат шовинисти и да се напаѓаат една со друга. Треба да се погледне како оваа патријахална култура им штети и на двата пола, односно им создава проблеми и на мажите. Тој постојан притисок да си силен, дека не смееш да плачеш, дека мора вака или онака да се однесуваш е секако штетен. Ако жената уште од дома е учена дека треба да биде понизна, љубезна, да се покорува, утре кога таа ќе доживее насилство во семејството ќе мисли дека треба да се прилагоди и да го прифати како „нормално“. Овие норми треба да ги предизвикаме ако мислиме дека се неправилни, и не треба да ги прифатиме како дел од однесувањето.

Може ли да опише или доближи женското искуство за да има поголемо разбирање и од страна на мажите?

Стефановска: Сакам да споделам еден многу добар пример од Метји Хаси како дејтинг коуч кој има кажано многу добра аналогија за да може да се сфати женското искуство. Тој вели замислете дека сте маж и одите по улица, некој ве пресретнува и ви вели дали може да ви постави прашање. Како што се доближува забележувате дека носи пиштол во џебот. Нели, тој момент го менува расположението и атмосферата. Пиштолот не е насочен кон вас, нема закана дека ќе пука, но самиот факт дека знаеш дека тој има оружје, за тебе преставува поголема опасност отколку што можеш ти да бидеш за него. Тоа е женското искуство целото време. Без разлика дали одиш по улица во 2 саат сабајле или во 2 саат попладне, едноставно не знаеш дали нешто ќе ти се случи, или дека никој нема да изреагира околу тебе ако нешто се случи.

Што треба да направат мажите за да бидат дел од решението, кои стереотипи треба да се надминат?

Стефановска: Се случува кога зборуваме за своите искуства, мажите да стануваат дефанзивни, доаѓа до моментот „ама не сите мажи“, и до некаде тоа е разбирливо бидејќи се осеќаме како да треба да се одбраниме, дека не ставаат во ист кош со некој кој што сторил насилство. Меѓутоа во тој момент тоа што ни е потребно како жени е разбирање и слушање за тоа низ какво искуство поминуваме бидејќи верувам дека мажите и жените живееме во различни реалности. Јас можам да зборувам само од лично искуство меѓутоа мислам дека жените живеат во една потсвесна состојба на постојана будност, претпазливост дека нешто може да се случи и не е лесно да се живее со тоа.

Треба да целиме кон разбирање бидејќи многу голем број на жени би биле многу помалку лути на мажите ако знаат дека тие ни се сојузници во целата борба. Ако наидете на ситуација во која ќе забележите дека на некоја жена и е непријатно во одредено друштво, тоа не значи дека вие како маж треба на секој насилник да му покажете каде му е местото. Но, може да ја утешите жртвата, да ја прашате дали е добра, и да и речете тука сум ако ти треба помош. Мислам дека тоа е многу важно бидејќи кога се случува насилството луѓето многу често ја вртат главата, им е непријатно и не реагираат.

Што би следело по објавување на исложбата, на кој начин и понатаму ќе работи на темата поврзана со родовото насилство и што очекуваш од посетителите?

Стефановска: Многу сум возбудена за изложбата, многу ми е мило што ќе се одржи. И понатаму ќе бидам активна на темата. Овој проект ми ја даде таа можност, а за оваа тема сум гласна од самиот почеток и мене лично ме засегнува како жена. Ќе продолжиме да се бориме, да бидеме погласни и да почнуваат да се менуваат работите барајќи одговорност од институциите, да им пружат поддршка на жртвите, но и сите да станеме поодговорни кон жртвите.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење